ШВЕРЦЕР НА ДРОГА И ОРУЖЈЕ СТАНА ДИРЕКТОР НА ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО: Директорот на затворот во Струга од ДУИ, осомничен за шверц на дрога и оружје стана директор на паркови и зеленило

  • July 11, 2018

Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило, објави порталот СДК. Одлуката поминала на Советот на општина Струга.

Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и дрога.

-По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата, изјави Шаќири за Телевизијата 24.

Извори од МВР потврдуваат дека Шаќири сè уште е под истрага.

Претходно «
Следно »

loading…