May 16, 2021, 9:27 am

Шевченко: Другарите ми умиpaa од дpoгa и алкохол, фудбалот ми го спacи животот

Поврзано

- Advertisement -

Андриј Шевченко го користи периодот пред ЕВРО 2020 за промоција на својата автобиографска книга, во која украинската фудбалска легенда открива различни детали од својот живот.
Меѓу другото, Шевченко се потсети и на периодот на големата нуклеарна несреќа во Чернобил.

-Јас израснав на 200 километри од нуклеарната централа каде се случи големата несреќа. Се ми изгледаше нормално, имав десет години, играв фудбал по ливади, ме однесоа во младинската академија на Динамо Киев… и тогаш реакторот 4 експлодираше и сите моравме да заминеме, се потсетува Шевченко.

Неговите мајстории со фудбалската топка пресудија Андриј да тргне по патот на професионалниот спорт, нешто што му го спасило животот.

-Воопшто не се сомневам дека фудбалот ми го спаси животот. Пријателите што ги имав во Киев, секое следно доаѓање во овој град ги имаше се помалку и помалку. Сите умреа, не од радијација, туку од алкохол, дрога… Јас се спасив поради љубовта на моите родители и мојата љубов кон фудбалот, истакнува Андриј Шевченко.

Latest News

Дневен xopockoп за 16. мај 2021 година

Дневен хороскоп за недела, 16. мај 2021 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го...

More Articles Like This