December 5, 2021, 9:42 am

Шекеринска: Сojyзништвото со САД нe билo никoгaш пoцвpcтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следната година прв пат ќе бидеме домаќини на голема воена вежба со падобрански елементи и очекуваме тим од Националната гарда на Вермонт да ни се придружи. Тоа ќе биде уште една шанса за нас да покажеме колку нашата соработка е блиска и успешна, изјавила министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференцијата во Вермонт, со што ја заврши повеќедневната посета на САД.

На прес-конференцијата, како што соопштија од МО, министерката Шекеринска направила осврт на средбите и разговорите во Пентагон и Стејт Департментот, како и на соработката помеѓу Македонија и оваа американска сојузна држава, но и за можностите за развој на оваа повеќедеценска соработка во одбраната, економијата, земјоделството, туризмот и трговијата.

– Горди сме на нашето партнерство со Вермонт. Отприлика 5.000 војници од Македонија досега биле дел од програмите за соработка. Тоа е неверојатно, тоа е повеќе од 50 проценти од вкупниот број на нашите вооружени сили. Нема војник во Армијата на Република Македонија кој не знае за Вермонт. Следната година за прв пат ќе бидеме домаќини на голема воена вежба со падобрански елементи и очекуваме тим од Националната гарда на Вермонт да ни се придружи. Тоа ќе биде уште една шанса за нас да покажеме колку нашата соработка е блиска и успешна, рекла Шекеринска.

Посочила дека на посетата на Вермонт претходела успешна посета и средби во Вашингтон, каде на средбата со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин III, било потврдено исклучителното сојузништво помеѓу Македонија и САД.

– Имавме навистина успешна политичка посета во Вашингтон пред да дојдеме тука во Вермонт. Посетата на Вермонт беше круна на престојот во САД, со што заокруживме една многу успешна посета. Оваа посета година и половина по нашето членство во НАТО кое го чекавме речиси три декади. Целта стана реалност како резултат на неколку генерации мажи и жени особено во војската, а и во политичките работи, додека одбранбената рамка беше сериозно поддржана од САД, истакнала министерката Шекеринска, се наведува во соопштението од МО.

Во однос на можностите за развој на соработката, Шекеринска порачала дека нашата цел е системот за заштита при катастрофи да го направиме поефикасен и затоа се разговара и за размена на искуства и за реализација на обуки за цивилна заштита и одговор на катастрофи.

Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт честитал за приемот на Македонија во Алијансата и изразил подготвеност соработка во одбраната да се прошири и во економијата.

– Сакам да и честитам на Македонија и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за приемот на Македонија во НАТО. Чест е за нас што имаме улога во тоа постигнување преку нашето партнерство. Навистина е неверојатно достигнување кое на нас ни зборува многу за посветеноста на Македонија на нашето партнерство. Подготвени сме и за можности за подобрена економска иницијатива, рекол Најт.

Заменичката на гувернерот на Вермонт, Моли Греј укажала на потенцијалот на соработката помеѓу американската сојузна држава и Македонија.

– Со Македонија започнавме да идентификуваме клучни области на логични партнерства, да дознаеме што има Вермонт, да дознаеме и да научиме што има Македонија, да размениме најдобри практики во земјоделството, туризмот, академските размени, медицината, животната средина, и можностите за трговија, рекла таа и додала дека веќе се работи на поврзување на академската фела, како и на бизнис секторот од двете земји.

Како што стои во соопштението, Греј и се заблагодарила на министерката Шекеринска за покажаното визионерство и инклузивниот пристап, како и за посветноста на искреното и сеопфатно партнерство помеѓу Вермонт и Македонија.

Посетата на Вермонт завршила со демонстрација на полетувања на ловците Ф-35 на военото воздухопловство на Националната гарда на Вермонт.

Пред посетата на Вермонт, министерката Шекеринска и македонската делегација во Вашингтон, освен со секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, се сретнаа и со други високи претставници на американската администрација, вклучувајќи ги и потсекретарот за политички прашања во Пентагон, Колин Кал и новиот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. 

Latest News

(Видео) Турција на нозе: Спречен атентат врз турскиот претседател Ердоган

Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми. Според извештаите, експлозивна...

More Articles Like This