ШЕРИФОТ ОД КРИВОГАШТАНИ: Барал пари за вработување, Заев ургирал – па си ставил ротациони светла на службената „Шкода“

  • January 16, 2019

Колку илјади евра чини вработување во јавната администрација? Ова е најчестото прашање кое граѓаните самите си го поставуваат пред да се јават на некои од наместените огласи за вработување во јавната администрација.

Сомнежите на граѓаните за корупција при вработувањето се потврдуваат, а до нашата редакција пристигнаа информации за нов скандал во кој се вмешани локалните шерифи на власта кои од членовите на СДСМ бараат илјадници евра за партиските вработувања кои претходно им биле ветени про боно, како награда. Имено се работи за претседателот на СДСМ на Општинската Организација во Кривогаштани како и тамошниот секретар токму на претседателот на младинската организација на партијата во општината му побарал мито од 1300 евра за вработување. Според нашите сознанија постои и сомневање во настанот да е вмешан и тамошниот градоначалник кој исто така е од редовите на СДСМ, Рубинчо Шефтеровски.

На претседателот на СДММ во Кривогаштани му биле побарани 1300 евра, по што тој се решил со бележани пари со помош од централата во Скопје да го фати жив претседателот на Опшинската организација и секретарот. По ваквиот скандал наводно било побарано митаџиите да си поднесат оставка.

Сомнежите за вмешаност на градоначалникот на Кривогаштани, Шефтеровски ги зголемува и неговата подобрена имотна состојба односно двата нови луксузни автомобили кои ги купил од моментот кога седнал во фотелја. Мајката на градоначалникот, Даринка Шефтероска се пофали на Фејсбук како купиле нов џип Хундаи Туксон и после месец дена уште еден Шевролет Каптива.

Дополнителен доказ за ,,шерифското” oднесување на градоначалникот се и полициските флешери поставени на службената кола на градоначалникот.

Претходно «
Следно »