May 16, 2021, 10:39 am

Шест деца зaгинaa, а 18 лица се повpeдени во тешка сообраќајна нecpeќа во Русија

Поврзано

- Advertisement -

Шест деца загинаа како резултат на сообраќајна несреќа во рускиот регион Ставропол во која учествуваа три возила, вклучително и автобус, додека 18 лица беа повредени, изјави за ТАСС извор од службите за итни случаи.

„Според ажурираните податоци, 18 лица беа повредени, додека шест починаа“, рече изворот.

Според прелиминарните информации на Рускиот државен инспекторат за безбедност во сообраќајот, три возила, вклучувајќи камион и автобус, се судриле денес на автопатот Астрахан-Ставропол во јужна Русија. Сите шест жртви се деца. Меѓу повредените има најмалку осум малолетници, кои сите се пренесени во болница.

Регионалната дирекција на Рускиот државен инспекторат за безбедност во сообраќајот за ТАСС изјави дека, според прелиминарните информации, камион се превртел додека маневрирал удрил во комбе со деца кои патувале од Волгоград во Черкеск.

Latest News

Кopoнaтa кocи вo Индија: Haд 4000 пoчинaти лицa вo eдeн дeн, вo нeкoи peки ce пpoнajдeни тeлa oд жpтви..

Индија известува дека има мало намалување на бројот на заразени од Ковид-19 трет ден по ред, но расте бројот...

More Articles Like This