ШЕФОВИТЕ НА БАЛКАНСКИТЕ ПОЛИЦИИ СЕ СРЕТНАА ВО ОХРИД: Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полициски служби на Југоисточна Европа (СЕПКА) во Охрид

Поврзано

ГО ДРЖИ ЦРНИОТ РЕКОРД: Македонија на врвот во регионот во последната недела

Нов пик на новозаразени од коронавирус во Македонија. Регистирани се и најмногу починaти лица во еден ден, а во...

(Фото) ПО СТАПКИТЕ НА ШЕКЕРИНСКА: И градоначалникот на Бутел се фотографирал под знакот на УЧК

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски очигледно практикува да ги следи постапките на неговите претпоставени, па изгледна тргнал по...

ДР ХАСАН ОД ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ: Дел од граѓаните не веруваат дека постои вирусот и тоа е најзaгрижувачкиот фактор

Доктор Танер Хасан од ГОБ 8 септември во отвореното студио на 24 анализа изрази зaгриженост заради растечката бројка на...

Oрганизираниот криминал не познава граници и е во постојано движење, и обезбедувањето на сигурна и безбедна средина за живеење за нашите граѓани – што претставува една од основните задачи на службите кои ги раководиме – може да се реализира единствено преку постојано зајакнување на заедничката оперативна соработка и побрза и поефикасна размена на информации на билатерално и на мултилатерално ниво, рече министерот Оливер Спасовски на отворањето на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полициски служби на Југоисточна Европа (СЕПКА) во Охрид.

„Реализирајќи ја целта на Асоцијацијата за зацврстување на квалитетот на полициското работење согласно демократските принципи и поддржувајќи ги активностите за развивање и изградба на капацитетите за обезбедување и размена на информации, како и продлабочување на регионалната и меѓународната соработка, Првото Генерално собрание во рамки на претседавањето со СЕПКА на Република Македонија го замисливме како појдовна основа за промовирање на мисијата на Асоцијацијата за континуиран развој, интеграција и имплементација на стратегиите и процедурите за полициско работење во регионот. Професионалниот развој на полицијата во регионот зависи, пред се, од ефикасноста на мерките за спречување и борба против прекуграничниот организиран криминал и развивање на регионалните партнерства меѓу полицијата и заедниците“, рече министерот Спасовски.
Според министерот Спасовски, секоја соработка меѓу државите е чекор напред и начин повеќе да останеме сплотени во заедничката борба против криминалот.

„ Регионалната соработка, добрососедските односи и градењето на доверба меѓу нас се клучни елементи за стабилност на нашите земји и регионот, воопшто. Тие треба да бидат наш императив без разлика на проблемот со кој се соочуваме. Индивидуалните постигнувања ќе бидат запаметени, но она што секогаш треба да го ставаме на прво место е тимскиот дух и компактноста што ја покажуваме. Полициските служби од регионот преземаат сопствена иницијатива преку регионална соработка да го докажат постоечкиот капацитет на земјите сами да соработуваат, да ги усогласат сопствените политики и да придонесуваат кон зголемување на ефективната борба против организираниот криминал, тероризмот и подобрувањето на ситуацијата во регионот. Оттука, Република Македонија како земја домаќин, сега и во иднина ќе пружа несебична поддршка преку исполнување на обврските кои произлегуваат од склучените и усвоени документи за воспоставување и унапредување на соработката во рамки на СЕПКА, рече министерот Спасовски.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски потенцира дека како претседател на Асоцијацијата за оваа година лично ќе се заложи за заживување на ова здружение.
„Секако, за тоа, ќе ми биде неопходна вашата лична и професионална соработка и помош за заеднички да ги адресираме проблемите со кои со соочуваме и кои ни претставуваат проблем во секојдневното работење. Би сакал да се заблагодарам на Сојузното Министерството за внатрешни работи на Република Австрија за несебичната и долгорочна поддршка на Асоцијацијата на шефови на полициски служби на Југоисточна Европа. Благодарам и за соработката што и поддршката што ја добиваме и натаму ќе ја добиваме од Европол“, рече Велковски.

Актуелно

НАЈKPИТИЧНО ВО ЧАИР: Состојба по населби во Скопје

Од вкупно 89 новозaболeни од Ковид-19 на целата територија на Македонија, 35 се од подрачјето на град Скопје. Распоредено по...

(Видео) БОКИ 13 И СЕ ЗАКАНИ НА СУДИЈКАТА, ЗАЕВ Е КРЕАТОРОТ НА СЦЕНАРИОТО ЗА РУШЕЊЕ НА СЈО: Ако добие драконска казна има уште едно...

Скандалозни заврши зборови, вака наједноставно може да се објасни ситуацијата која денес ја затекнаа новинарите во судницата на едно од последните рочишта за случајот...

ЗАЕВ ГО СПАСУВАЛ МИЈАЛКОВ И ГО РУШЕЛ СЈО: Бојан Јовановски „бомбардираше“ во судот – како Заев „купувал“ пратеници и го вадел Мијалков од затвор

Средбата која што се случила помеѓу Зоран Заев и Јордан Камчев се случила на 02.април, а Камчев го снимал и Зоран Заев,  а за...

ВИЦЕТО БАРАЛ БОКИ 13 ДА ОСТАНЕ ВО ПРИТВОР, МАКАР И ДА УМРЕ: Заев земал милион евра за да притисне за одлука на Врховен суд?!

Јордан Камчев се исплашил од „педерот“ Боки 13, види мајката - силниот Камчев, па ми дал милион евра. Тој можеби дал, дал милион евра, можеби...

ВИДЕЛА, НЕ ВИДЕЛА, ЗАЕВ БИЛ, КАМЧЕВ БИЛ: Боки 13 ја направи Русковска пуздер во завршните зборови

Вилма Русковска се шетала како „Мечка Божана“ од медиум на медиум откако го уапсила Боки 13. Јовановски објаснуваше и едно нејзино гостување на „Канал...

Повеќе вести