ШЕЌЕРИНСКА ПОДГОТВУВА ТЕРЕН: ЗАЕВ ЌЕ Е ПОРАНЕШЕН, И ПРЕМИЕР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ?

  • November 16, 2018

Играта според добро упатени партиски извори од СДСМ, имиња на високи функционери, говорат дека Заев со својот тим, имале за цел да по исценираното бег ство на поранешниот премиер, за да создадат јавна претстава и дома но особено во ЕУ и кај САД дека ВМРО – ДПМНЕ и нејзиното раководство по секоја цена бе га од лицето на правдата, пишува Магазин.мк.

Процесот се изјаловил кога актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не застанало во поддршка на Груевски, напротив, Мицкоски иако цени дека прогонот е политички инспириран, бегството го ос уди .

Тра гикомична е последната информација која ја лиферуваат од СДСМ дека Груевски е во Тирана, чекал поволно време да фати брод од Саранда или Валона, можеби и некое мало приморско градче да пребега во Турција, но тоа се факти кои медиумите ги пренесуваат како вистински вести.
На Бихаќка процесот “от стрел” на актуелниот премиер и претседател на партијата започнал мината недела. Средбата традиционално ја иницирала заменик претседателката Радмила Шекеринска за што веќе оствариле средби и виталните секретари на СДСМ, Генералниот, Кирацоски и организациониот, Миле Зечевиќ кој своевремено беше и директор на УБК.

Шекеринска ја искористила и мо ќта на партиските идеолози, Фрчкоски и Исмаил кои преку ,,независните“ партиски новинарски пера, аналитичари и академици, веќе го прогласија Заев за виновен за бегството на Груевски, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Информации од СДСМ наведуваат дека партијата е повторно поделена како во периодот на мандатот од 2002 до 2006 година кога се променија четири претседатели и тројца премиери на СДСМ.

Неофицијално Шекеринска по аферата УБК и прислушкување на Иванов веќе ги има сите адути за вондреден конгрес, како оној во 2006 година кога прво се замоли а потоа и се изгласа отказ на тогашниот претседател Владо Бучковски, кој ден по бегството на Груевски повторно ја избегна изречената тригодишна казна зат вор за аферата тенковски делови.

Шекеринска по статут би останала заменик претседател, како е бирана одвоено, а владата како и во 2004 и во 2006 би ја имала како неформален в.д. премиер.

Вистинското прашање, чиј одговор се крие повеќе од државните та јни кои судии ги објавуваат во судски пресуди јавно е кој би застанал на корлмилото на СДСМ во моментов? пишува Магазин мк.

Претходно «
Следно »