October 19, 2021, 5:11 pm

Шилегов, Грчев – што им ќутите: Baтикан бара да се догpaди споменикот на Mајка Tереза, за кој локалната власт вели дека дивогpaдба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ватикан бара споменикот дивоградба на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје да се доизгради, а спомен куќата на улица Македонија да биде управувана од Католичката црква. Ова било побарано од претседателот Стево Пендаровски при посетата на Ватикан на 24 Мај, на одбележувањето на Свети Кирил и Методиј.

Од кабинетот на Претседателот за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека на средбата со државниот секретар на Ватикан Пјетро Пароли биле отворени одредени прашања поврзани со статусот и правата на верниците од католичка вероисповед од земјава, не прецизирајќи што конкретно било побарано.

„По враќањето во земјата претседателот барања на Светата Столица ги пренесе на надлежните институции во државата за натамошно постапување“, велат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Пендаровски за барањата од Ватикан го известил Министерството за надворешни работи од каде што деновиве испратено е писмо до Министерството за култура, Град Скопје и Општина Центар.

„При посетата на претседателот Стево Пендаровски на Светата Столица во рамките на одбележувањето на 24 Мај, од ватиканска страна беа покренати прашања за статусот на меморијалниот споменик на Мајка Тереза во Скопје, како и изградба на светилиште во нејзин спомен. Светата Столица бара меморијалната спомен куќа да биде управувана од Католичката црква (одржување на миси и католички верски обреди) и да се заврши проектот за изградба на светилиште во родниот град“, стои во писмото на МНР.

Од Министерството за култура под чија надлежност е споменикот ги потврдуваат ваквите барања од Ватикан и велат дека предметот е во процес на разгледување и консултации. Од Град Скопје и Општина Центар ни рекоа дека немаат добиено писмо со барањата од Ватикан.

Latest News

Едно лице зaгинa, а две се повpeдени во тешка верижна сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на...

More Articles Like This