December 8, 2021, 11:08 pm

Шилегов до СКСМ: Светската пaндемија не ги запре нашите инвестиции, продолжуваме да ја развиваме уличната инфраструктура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, се сретна со претставници на Сојузот на стопанските комори и разговараше за економските предизвици во време на пандемија.

Тој нагласи дека светската пандемија не ги запре инфраструктурните и градежните активности на Град Скопје, напротив, како што вели, тие продолжија со засилено темпо. Според Шилегов, одличните финансиски резултати на Градот пред почетокот на пандемијата овозможиле да нема рестрикции во планираната изградба и реконструкција на градската инфраструктура.

Тој истакна дека Град Скопје донел неколку мерки за олеснување на последиците од пандемијата со откажување од дел од средствата од најголемите свои приходи: комуналиите, комуналните такси, закупот на јавен простор итн.

„Овие мерки ги спроведовме со цел да ослободиме повеќе пари во економијата инвестирајќи најмногу во домашниот градежен сектор, кој е одговорен за голем број вработени и учествува со сериозен дел во БДП на Република Северна Македонија. Сакаме да ги сочуваме сите работни места во десетиците стопански гранки што ги обединува градежништвото.

Развојот на сообраќајната инфраструктура во градот нема и не смее да запре. Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност, која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај за нашите граѓани. На тој начин директно се придонесува за намалување на економската криза не само во Скопје туку и во целата држава“, рече Шилегов на средбата.

Тој нагласи дека тоа се прави за доброто на сите, дека кризата ќе помине, а животот продолжува.

„Стопанските субјекти во град Скопје секогаш ќе имаат бизнис-партнер, подготвен да излезе во пресрет на нивните барања, бидејќи само со заедничка соработка и меѓусебна поддршка можеме полесно да се справиме со претстојните економски предизвици, но и заеднички да работиме на зајакнување на целокупната економија и креирање оптимална бизнис-клима во Скопје“, заклучи Шилегов.

Latest News

(Фото) Ископан скелет од досега непознато животно, научниците немаат објаснување

Копајќи во дворот на стара фабрика за предење во источната турска провинција Игдир минатата недела, работници открија животински скелет...

More Articles Like This