October 18, 2021, 7:00 pm

Шилегов изгyбeн вo вpeмeтo и пpocтopoт: Зa чeтиpи гoдини нe нayчи коja e нeгoва нaдлeжнocт, a бapa втop мaндaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Освен Шилегов што не знае да си го преброи имотот не знае и дека градинките и основните училишта не се негова надлежност. За само 4 години Шилегов направи зграда дивоградба во Карпош и луксузна хациенда во Маврово, за кои нема реално покритие. За овие 4 години Шилегов само е насочен на себе. Со Душко Весковски се фатени како местат тендер од 300.000 евра за фирма која претходно ја вовеле во работа без тендер и го завршиле проектот, а дури потоа ја исплатиле, а ја плаќале и до 8 пати поскапо по одредени ставки, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека нема тендер во последните 2 години на кој има повеќе од понудувачи кои се бројат на една рака, а на крај скоро секогаш сумата на договорот е слична со предвидената сума за набавката.

– Шилегов добро се испраксал со тендери, но затоа после 4 години не се научи што се ингеренции на градот, а што на општините во градот Скопје или безсрамно ги лаже скопјани. Шилегов кога ветува за 50% поевтин оброк за учениците и 50% поевтини градинки, треба да знае дека градинките и основните училишта не се под Градот туку се под надлежност на општините. Шилегов или свесно ЛАЖЕ или и после 4 години поима нема што му е работа на градоначалникот на Скопје. Шилегов во 2017 година ветуваше по едно овошје за секој ученик, НЕ даде ниту едно јаболко а сега нуди 50% поефтин оброк. Шилегов се што вети во 2017 година излажа. Лаже и сега, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека за разлика од Шилегов ВМРО-ДПМНЕ ќе има реални проекти. Тимчо Муцунски во Аеродром ќе реализира проект за бесплатни градинки.

– Тоа го гарантираме. Проекти за градинките и училиштата ќе има во секоја општина, истакнуваат тие.

Latest News

Лукашенко: Западот подготвува дивepзија за ypивање на власта во Белорусија

Западот продолжува да се меша во внатрешните работи на Минск со цел промена на владата во земјата, изјави претседателот...

More Articles Like This