ШИЛЕГОВ ИСПЛАШЕН ОД РЕЗУЛТАТОТ: „Не им посакувам среќа на кандидатите“ – рече Шилегов, по потпишувањето на Кодексот за фер избори!

  • September 24, 2017

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Коце Трајановски и Петре Шилегов по потпишувањето на Кодексот во Државната изборна комисија ветија фер кампања, но имаа различни пораки – пренесува МКД.мк

„На останатите кандидати не им посакувам среќа на престојните избори“ – рече Шилегов, во пораката која требаше да ја испрати по потпишувањето на Кодексот, давајќи до знаење дека е исплашен од резултатите од претстојните локални избори.

За разлика од Шилегов и неговата некултурна изјава, Коце Трајановски им посака среќа и успех на останатите кандидати, но и побара фер кампања и избори.

„Со оглед на тоа како стартуваше новата влада ќе треба многу да направи за овие избори да бидат фер и слободни“, рече Трајановски.

Претходно «
Следно »