ШИЛЕГОВ ИСПЛАШЕН ОД УЧК: Нема намера да го руши споменикот на УЧК, тоа било надлежност на Чаир и Министерството за транспорт!

  • February 23, 2018
  • Коментари

По прозивките на јавноста Шилегов да се охрабри и на истиот начин како што го сруши споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето, да го сруши и незаконски поставениот споменик на УЧК во Чаир, скопскиот градоначалник се прогласи за ненадлежен и ги повика општина Чаир и Министерството за транспорт и врски да ја превземат работата

 

Петре Шилегов нема да го урива споменикот на УЧК во Чаир, бидејќи Градот Скопје нема надлежност во случајот, изјави скопскиот градоначалник во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија „Алсат-М“.
„Градот Скопје тука нема правен допир. Ниту се појавува како инвестититор, ниту како поставувач, затоа не може да се направи паралела на постапувањето на Градот при уривањето на Ќосето со споменикот на УЧК. Тоа е работа на општинските органи на Чаир и на Министерството за транспорт и врски“, појасни Шилегов.

Но, Петре Шилегов со оваа изјава повторно се обиде да ја изманипулира јавноста, и да се ослободи од одговорноста за принципиелно почитување на законите, најверојатно исплашен од превентивните закани на негова адреса од дел од функционерите на ДУИ кои јасно му дале до знаење дека тој споменик не смее да биде тема на инспекциските служби.

Ако Шилегов се води по законот, тогаш споменик кој би требало да биде срушен е токму оној на УЧК во Чаир, бидејќи истиот беше поставен без согласност на општинскиот совет, а истиот не беше вцртан во ДУП-от на општината.

За споменикот на УЧК нема ниту градежна дозвола, односно истата беше ретроактивно издадена. Чин кој е незаконски.

Што се однесува до правната надлежност, градот Скопје е институција која е повисока инстанца од општина Чаир, што значи дека градот има право да нареди на службите во Чаир да го отстранат споменикот, а во спротивно да ги казни и службите на Шилегов да го отстранат ако тоа не го направи општината Чаир. Секако, за ова инспекторатот на град Скопје претходно треба да добие позитивно мислење од Министерството за труд и социјална политика.

Инаку, споменикот на Андонл Лазов Јанев – Ќосето беше поставен уште во 2014 година, откако претходно беше обезбедена градежна дозвола, а споменикот беше вцртан во ДУП и ГУП на градот Скопје, изгласан со Бадентерово мнозинство во советот на град Скопје.

Инспекторот кој ја дал наредбата за рушење на споменикот на Ќосето, во 2014. година ја одобрил.

 

Претходно «
Следно »