ШИЛЕГОВ И НАУМОВСКИ СЕ „ЗАПУКАЛЕ“: Шилегов и Наумовски се „запукале“ во Париз на државен трошок да учат превоз

  • March 18, 2018

Мирослав Шиповиќ од СДСМ и некогашен претседател на општина Центар, по отворените критики кон градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ овој пат на мета му е градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

Шиповиќ во пост на својот Фејсбук профил го критикува Шилегов кој отпатува во Париз, Франција- на државен трошок секако, да ги истражува градските превози. И тоа не сам, туку со него го зел и својот шеф на кабинет, Никола Наумовски.

-Се запукале во Париз да учат превоз? Абе на интернет ја има историјата на градските превози во големите метрополи. Интересно што и Жерновски беше исто таму и со истиот заменик се сретна, а се разбира Општина Центар плати. А сега кој плаќа? И после пратениците земале пари за превоз- напиша Шиповиќ.

Патем, за авионски превоз неодамна градската власт распиша оглас од 90.000 евра за 2018 година.

Претходно «
Следно »