October 20, 2021, 8:18 pm

Шилегов нema да добие втор мандат? – Албанец ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави големо изненадување кое ќе го обелодени на 5-ти јуни, на роденденот на партијата.

-На 5-ти јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер, рече Ахмети во Липково.

Засега се шпекулира дека изненадувањето ќе биде заеднички кандидат Албанец со СДСМ за градоначалник на Скопје, објави ПлусИнфо.

Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од СДСМ, веќе одамна се подготвува да ја трча изборната трка за втор градоначалнички мандат. Тој, доста самоуверено, најавуваше дека уште еднаш ќе ја бара и добие довербата на скопјани. Лично од Заев побарал тој да биде повторно кандидат за градоначалник на Скопје.

-Сите ангажмани што ги имав во изминативе три години ми даваат за право да побарам поддршка од СДСМ да ја поддржи мојата кандидатура за втор мандат. Јас како легалист ќе се држам до таа постапка и процедура. Тоа прво ќе биде барање поддршка во рамките на органите на СДСМ, рече Шилегов неодамна.

Но, се чини дека сопствената партија ќе го извиси Шилегов. Ако Заев договорил со Ахмети заедно да излезат со Албанец кандидат за градоначалник на Скопје, значи дека го исфрлиле Шилегов од игра.

ДИУ веќе половина месец го најавува изненадувањето преку билборди во зелена боја на кои пишува „Нешто големо доаѓа“. Слично на ова, во пресрет на парламентарните избори лани, ДУИ преку билборди со слоганот „Зошто не“ го најавуваше предлогот за прв премиер Албанец.

Latest News

Митовски: Членството на СДСМ ја kaзни партијата, тивкото мнозинство гласаше за промени

Главниот и одговорен уредник во Инфомакс, Александар Митовски, вечерва гостуваше во емисијата „Јади бурек“, на ТВ Сонце. Митовски во...

More Articles Like This