ШИЛЕГОВ ПИШМАНАЏИЈА: Откако пациенти „продадоа бубрег“ за да платат паркинг на Клинчки на Шилегов му текна

  • January 22, 2019

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов призна дека погрешил што го поскапел двојно и паркингот на Клинички центар.

Ги увидовме пропустите и брзо реагираме. Не викам дека идеално ќе ги предвидиме сите работи, тоа е невозможно, но важно е дека брзо реагираме и ги поправаме, рече Шилегов на денешната прес-конференција.

Инаку, вчера граѓани плаќаа по 70 денари час на Клинички.

Реагираа и на социјалните мрежи дека со неподвижни пациенти морале за 5 часа на клинички да потрошат 350 денари.

Цели 350 денари или една просечна дневница потрошил скопјанец за четири часа паркинг во Скопје. Фотогографијата беше објавена на Ѕидот на сообраќајниот срам, а тој додаде дека „Наместо чист воздух добил празен новчаник“.

Претходно «
Следно »