ШИЛЕГОВ ПРИЧИНА ЗА ЗАТВАРАЊЕТО НА „МАКЕДОНСКО СЕЛО“? Барал ли Шилегов „фифти-фифти“ од прометот на комплексот?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Затварањето на комплексот „Македонско село“ за многумина беше изненадување, особено поради големината на инвестицијата и нејзиното значење во однос на туристичко-културната понуда на главниот град

 

Утринава, менаџментот на комплексот со кој стопанисува компанијата „Тинекс“ на социјалните мрежи ги информираше граѓаните дека од 18.октомври комплексот нема да работи.

Од СОЗР на Влада, која е издавач на концесијата за „Македонско село“ информираа дека тие немаат информација за ваквата одлука на менаџментот и најавија дека ќе остварат состанок со претпоставените.

Она што останува неразјаснето се причините поради кои менаџментот се одлучил на ваков потег.

Во јавноста веќе кружат информации дека сопствениците на концесијата се соочувале со уцени од првиот човек на градот Скопје, кој наводно, барал дел од прометот на комплексот ресторани и хотел. Според некои информации сумата се движела и до 50% од дневниот промет на комплексот.

Како закана пак, сопствениците биле предупредени дека ако не ја прифатат оваа понуда од првиот човек на Скопје, ќе се соочат со инспекции, затварање, а како прва мерка за намалување на посетеноста на комплексот била воведувањето на висока цена за паркинг, односно 100 денари по час.

За овие информации нема потврда ниту од менаџментот, ниту од градските власти.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This