ШИЛЕГОВ: Со новиот ГУП нема да се гради јужната обиколница

  • October 4, 2019
  • Коментари

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, најави дека со носењето на новиот Генерален урбанистички план ќе се спречи изградбата на јужната обиколница.

Како што појасни градоначалникот, стручната јавност смета дека со планираната изградба на јужната обиколница ќе се уништи голем дел од Водно, а тоа би донело поголема штета на градот отколку добро.

– Јужната обиколница е спротивна на принципите за јавно добро, оти треба да се уништи добар дел од Водно – рече Шилегов.

Затоа, вели градоначалникот со новиот ГУП што треба да се донесе до 2022 година, јужната обиколница околу Скопје ќе стане минато.

Претходно «
Следно »