ШИПОВИЌ СО ЖЕСТОКА РЕАКЦИЈА: Со што Жерновски го задолжи СДСМ за да добие функција, сите сдсмовци ги вработи како курири!

  • March 26, 2018
  • Коментари

Поранешниот претседател на општинската организација на СДСМ во центар и експретседавач на Советот на општината, Мирослав Шиповиќ, на неговиот фејсбук профил жестоко реагираше на тоа што ексградоналачникот од ЛДП на Општина Центар, Андреј Жерновски, стана член на Централниот одбор на СДСМ.

„Баш ме интересира со што Жерновски го задужи СДСМ? Што Жерновски направи за членовите на СДСМ-Центар. Вработување 5 ЛДП од кои 2 на раководни функции, 7 СДСМ сите курири, заврши ли некому работа? Сослуша ли некого? Напротив, се однесуваше со толку потценување кон и за членовите на СДСМ Центар. А да, имаше мерак за шетање по светот со општински пари“, пишува на Фејсбук, поранешниот претседавач со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ.

 

https://www.facebook.com/miroslav.sipovik/posts/10212895028588634

Претходно «
Следно »