Шкендија пак се срами да напише на која земја е шампион!

Поврзано

(ВИДЕО) ИГРА И КОШАРКА, АМА СО НОГА: Роналдо се врати на тренинзите во Торино

Кристијано Роналдо се врати на тренинзите во Торино. Атмосферата сигурно е добра, по карантинот по коронавирусот. Роналдо по периодот...

(Видео) НОВА СНИМКА ОД МАЈК ТАЈСОН: Еве кога ќе биде објавен неговиот противник

“Челичниот Мајк” откри дека има намера да му се врати на боксот и да се натпреварува во неколку хуманитарни...

МУ ЗАВРШИ ЛИ КАРИЕРАТА?: Ибрахимовиќ е сериозно повpeден, можеби нема повеќе да игра воопшто

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ се повpeди за време на тренингот во Милан. Шведскиот фудбалер предвреме ја нaпушти тренинг-базата на тимот,...

Фудбалерите на Шкендија со денешната победа на гостувањето против Работнички (1-0) и официјално ја осигураа шампионската титула, која ја прославија како на теренот на арената „Тоше Проески“ така и на социјалните мрежи каде што објавуваа фотографии од славјето.

Тоа што веднаш падна во очи е фактот што ниту при прославата, ниту во постовита не беше објавено името на државата на која екипата од Тетово стана првакот и која ќе ја претставува во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона. За многумина тоа би била небитна работа, ако не се знае претходната историјата на „алергијата“ која луѓето од Шкендија ја добиваат при секое споменување на зборот Македонија.

Тие и лани не сакаа да застанат позади сценографија на која пишуваше „шампион на македонската Прва лига“, поради што направија скандал и си поставија своја мини-трибина на која воопшто не беше споменат името на државата во која играат. Слично беше и во ланското финале од Купот на Македонија. Навредувањето на сѐ што е македонско, пеењето националистички песни и истакнувањето само на албанско знаеме е нешто веќе вообичаено на средбите кои Шкендија ги игра во Тетово.

Тешко е да се очекува било каква реакција на ФФМ по ова прашање, бидејќи челниците на Куќата на фудбалот останаа неми и во претходните години, иако во нормални земји за вакво игнорирање на државата дури може и се одземе титулата по службен пат.

Актуелно

(Видео) „ЌЕ СИ ЛЕЖАТ“ ИМА ИНДИЦИИ ЗА КРИМИНАЛ: Чулев најави истраги за корупција на носители на јавни функции

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за...

ПАНИКА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Заразена вработена во Агенцијата, била во контакт со повеќе лица

Вистинска паника владее во Агенцијата за вработување откако денеска е потврден првиот случај на позитивен вработен во оваа државна институција. Заразената вработена имала контакт...

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај нас ќе ги надмине првичните...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

Повеќе вести