ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА РОДНИНИТЕ НА ТРИТЕ УМРЕНИ БЕБИЊА: Во една вечер беа донесени други 4 мртви бебиња на Патологија!

  • August 25, 2017

Роднините на трите бебиња кои умреа на скопска Гинекологија излегоа со шокантни тврдења и бараат одговорност за големата трагедија.

Тие велат дека освен нивните три бебенца, за само една иста вечер, на Патологија биле донесени уште 4 други мртви новороденчиња.

-За овој случај треба бездруго да се алармира, за во иднина да не се повтори со загуба на човечки животи. За време на нашиот дводневен престој таму ние констатиравме дека Клиниката за Гинекологија нема доволно капацитет за третирање на поголем број новороденчиња. Има недостиг на инкубатори и друга опрема. Се надеваме дека Министерството за здравство ќе направи испитување за овој случај, но и за други случаеви, затоа што видовме дека во патологија беа донесени и четири други мртви новороденчиња во една вечер. И органите за внатрешни работи треба да ги истражат овој случај, а ние како роднини чекаме некој да сноси одговорност за овој случај, затоа што се сомневаме дека не е даден соодветен и правилен третман, а како резултат не оваа негрижа овие новороденчиња починаа,  велат во изјава за „Газета експрес“ роднините на починатата тројка.

Семејството во голема тага и болка излезе со директни обвинувања, но надлежните останаа глуви за нивните барања. Ниту премиерот Зоран заев, ниту министерот за здравство Арбен Таравари, а ниту директорката на ГАК Викторија Јовановска, која е блиска до семејството Заеви не прифаќаат одговорност!

Протест пред МЗ: Револтирани граѓани бараат оставка од Таравари и Јовановска по случајот со починатите бебиња

Група револтирани и разочарани граѓани вчера пред Министерството за здравство протестираа и побараа одговорност и оставка од министерот Арбен Таравари и директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска.

-Ветуваа многу, а што добивме? Три мали животчиња да одат? Луѓе тоа никаде го нема во светот. На крајот кажува дека ќе викнеле комисија. Каква комисија?, прашуваат Лидија Стаменкова и бара од Таравари и Јовановски веднаш да си поднесат оставка.

Вели дека за сите три бебиња да починат нешто морало да затаи, а ако затаило, тогаш мора да се најде кој е одговорен, а не, како што рекоа, да ја шуткаат топката натаму-наваму.

Порачува дека министерот треба да рече „не сум способен, станувам и си одам“, а со него да си оди и директорката на ГАК.

-Луѓе, доста ни се прикаски. Нека станат и нека се фатат за работа, а ќе се работи со добри кадри. Имаме ние добри кадри, не се сите кадри шупливи. Нека се најдат способни кадри, рече Стаменкова.

Мајка загуби три бебиња, надлежните не признаваат одговорност

Пациентката И.М. била хоспитализирана на 21 август на Клиниката за гинекологија и акушерство поради болки во абдоменот. Истиот ден е породена со царски рез во 27. недела со тројка, по претходно прснат воденик и пролабирана (испадната) папочна врвца и со цел да не биде прекинат доводот на кислород, веднаш е извршено породување.

Новороденчињата се прифатени од педијатар и акушерка во операциона сала. Спроведена е и примарна реанимација со аспирација, вентилација со маска и амбу и термостабилизација и во инкубатор сите три биле транспортирани на Одделение за интензивна неонатална нега и терапија.

Со семејството во неколку наврати од страна на персоналот на Клиниката било разговарано, со цел да се објасни состојбата на новороденчињата, третманот и можните шанси за преживување и веќе следниот ден е констатирана смрт на сите три.

Семејството обвинува дека бебињата воопшто не биле ставени во инкубатор затоа што ГАК имала недоволно инкубатори. Ако ова нивно тврдење е точно тогаш директорката и министерот од самиот почеток пласирале само лажни информации за оваа трагедија.

Заев стави семејна пријателка за директор на Клиниката каде умреа бебињата

Со клиниката во која умреа повеќе бебиња во кус период раководи пријателка на семејството Заеви.

Министерот Таравари подлегна под притисок на премиерот Заев и одлучи блиската пријателка на Зорица Заева, Викторија Јовановска, да застане на чело на Клиниката за гинекологија и акушетство во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

-Иако смената на директорската позиција на Гинеколошко акушерската клиника беше најавувана уште пред повеќе од еден месец, Клиниката долго остана без нов директор, а причина за одолговлекувањето, како што тврдат извори на „Република“, е токму инсистирањето на кланот Заеви на позицијата да биде поставена д-р Викторија Јовановска, која е блиска пријателка на сопругата на Зоран Заев, пишуваше Република.

Умираат бебиња и луѓе, Таравари ужива на министерското столче

Смртта на трите новороденчиња е само една од огромните трагедии кои се случија откако Арбен Таравари седна на министерското столче. Според неговото избегнување на одговорност, ниту многу смртни случаи нема да го натераат да превземе вина и да си поднесе морална оставка.

Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести, а цел град остана во голема паника поради тоа што надлежните ги криеја информациите и причините за смртта.  Животот го загубија две машки лица на возраст од 50 и 23 години кои се во роднинска врска и се презиваат Мифтари. Таравари не превзема одговорност.

Министерот за здравство Арбен Таравари треба да сноси одговорност за комплетниот хаос во здравството кој од ден на ден носи се повеќе човечки животи – ова се реакциите на граѓаните кои бурно и жестоко одговараа на секоја нова информација за згаснат живот од банални причини, односно од болести кои можеле да се лечат уште пред 100 години, а камо ли денес.

Младо девојче почина поради грешна дијагноза, а нејзините блиски бараа одговорност од министерот, но тој најде време само за политички препукувања на Фејсбук.

Премиерот бега од одговорност штитејќи ги своите луѓе

Премиерот Зоран Заев одлучи да ги штити семејната пријателка Јовановска и соработникот Таравари, наместо да превземе одговорност за смртните случаи. Тој во моментов размислува за зголемување на даноци и придонеси, па одлучи да замижи пред овие трагедии.

Претходно «
Следно »