ШПАНИЈА НА НОЗЕ: Започна судењето на каталонските сепаратисти!

  • February 12, 2019

Демонстрнти ги блокираа патиштата во Каталонија во пресрет на почетокот на најважниот судски процес во Шпанија во последните неколку децении.

Група од 12 обвинети се соочуваат со различни oбвинeниja, вклучувајќи ги и оние за бyнт во текот на неуспешни обиди за отцепување на крајот на 2017 година.

Судењето ќе се емитува во живо на телевизија, а сите очи ќе бидат фокусирани на непристрасноста на Врховниот суд на Шпанија, објави АП.

Каталонски сепаратисти го доведуваат во прашање кредибилитетот на судот, тврдејќи дека е марионета на Владата на Шпанија, а пресудата ќе биде политичка.

Сепак, Врховниот суд го одбил приговорот велејќи дека овој процес е најважниот од Шпанската транзиција демократијата во 1977 година, по смртта на диктаторот генерал Франциско Франко.

Во Каталонија на 1 октомври 2017 година се одржа референдум за независност, и покрај забраната што ја наметна Уставниот суд, а на 27 октомври беше прогласена независност, и покрај неуспешниот референдум и предупредувањата на владата.

Кризата продолжи по изборите што се одржаа на 21 декември истата година во таа шпанска провинција, кои ја покажа поделеноста на каталонското општество по прашањето за независноста.

Судењето се очекува да трае најмалку три месеци, а одлуката ќе биде донесена неколку месеци потоа.

На судењето се повикани повеќе од 500 сведоци, вклучувајќи го и поранешниот премиер Маријан Рахој, потоа претставници на шпанската влада и провинциската администрација, како и претставници на полицијата и обичните граѓани.

Успешноста на oбвинението за бyнт ќе зависи од тоа дали обвинителот може да докаже дека ceпapатистите користеле нacилствo за време на обидот за отцепување, објави АП.

Обвинението исто така вклучува и поттикнување на бyнт, што не подразбира нacилствo, како и за непослушност и злoyпотреба на јавните финансиски средства.

Политички, влоговите се високи, бидејќи тешките парични казни може дополнително да ја оттуѓат Каталонија, дури и оние кои не се залагаат за независност, проценува АП.

Почетокот на судскиот процес се совпадна со напорите на шпанскиот премиер Педро Санчез да го притисне  изгласувањето на буџетот преку парламентот, за што му е потребна поддршка од каталонските ceпapaтистички партии.

Со оглед на тоа што европските земји внимателно ќе го следат судењето, Санчез минатата недела го посети Европскиот совет, како и Европскиот суд за човекови права во Стразбур, бидејќи целиот случај може да се најде пред судот, додаде американската агенција.

Претходно «
Следно »