ШТИПСКИОТ CУД НЕ ПРИФАЌА ВИHA: Објави соопштението за бeгcтвoто на Игор Спасов

Поврзано

ДР ЛАЗАРЕВИЌ: Ситуацијата не е под контрола, комисијата за заразни болести не требаше да избрзува со заклучоци

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Топ тема” гостуваa др. Владимир Лазаревиќ кој изнесе свое видување во однос на...

ПАНОВСКИ: Властите тврдат дека зaразата е под koнтрола, нивна ќе биде одговорноста кога таа ќе излезе од kонтролата

Дали пaндемијата навистина стивнува, или олабавувањето на мерките ќе биде ново „масло“ на огнот, д-р Никола Пановски вечерва изјави...

СЕ РАЗГОВАРАШЕ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПAНДЕМИЈАТА: Пендаровски оствари телефонски разговор со папата Франциск

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост Папата Франциск. Заблагодарувајќи...

Штипскиот Основен суд попладнево се огласи преку соопштение за случајот со бегалецот Игор Спасов, кој од вчера се бара со меѓународна потерница за доиздржување на казната затвор. Спасов во 2011 година беше осуден за убиството на момчето Мартин Нешковски по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори.

Во соопштението се наведуваат постапките, кои судот официјално ги почнал на 24 октомври.

–Основен суд Штип ја информира јавноста дека на ден 24.10.2019 година по редовен пат, по пошта, е примено писмено известување од КПД Идризово датирано од 21.10.2019 година, со кое се известува судот дека осудениот Игор Спасов не се јавил на доиздржување на казната затвор во таа установа, а на кое нешто бил обврзан согласно решението на ОС Штип ПК-6/19 од 31.07.2019 година. Од страна на судот, по приемот на известувањето, истото е обработено и е постапено веднаш, во законски предвидениот рок, и на 25.10.2019 година во претпладневните часови до МВР СВР Штип е доставена Наредба за спроведување на осудениот Игор Спасов на доиздржување на казната затвор во КПД Идризово, со назнака „Итно!“. Во ОС Штип од страна на СВР Штип на ден 28.10.2019 година е доставено известување дека осудениот не е достапен на органите на прогонот, по што веднаш, истиот ден, од страна на судијата за извршување на санкции на ОС Штип е доставена согласност за издавање на потерница до СВР Штип, која се однесува за распишување на потерница по осудениот на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението.Се наведува дека вчера СВР Штип го известил судот оти располагаат со потврдени информации дека осудениот Игор Спасов не се наоѓа на територијата на РСМ, па бараат Изјава, согласно чл.564 ст.1 од ЗКП, со која судот изјавува дека во случај на пронаоѓање на лицето ќе побара негова екстрадиција, а ова потребно заради распишување на меѓународна потерница по осудениот. ОС Штип веднаш, истиот ден, до СВР Штип ја достави бараната изјава, по што е распишана и меѓународна потерница по осудениот Игор Спасов.Појаснуваме дека одлуките донесени од страна на судот во оваа постапка се донесени по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица, искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде осудениот издржувал казна затвор дека таков вид на лекување и медицински третман не се пружа во таа установа, се вели во соопштението на Основниот суд во Штип. Во него најостро и најкатегорично се негираат наводите за некаква забрана за давање на изјави од страна на портпаролот на судот.Напротив, портпаролот последните неколку дена дава редовни изјави на секое барање од претставници на медиуми, но со цел за точност и прецизност во известувањето кое е од интерес на јавноста, а поради тоа што се утврдија непрецизност и неточности во одредени известувањa, се одлучи да се издаде ова соопштение достапно за целата јавност, се подвлекува во соопштението од Основниот суд во Штип објавено на веб страницатa.

Актуелно

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ НА СВЕТСКА БАНКА: 130 илјади граѓани во земјава ги демнее сиромаштија

Повеќе од 130 илјади граѓани од земјава до крајот на годинава ќе бидат во опасност од живеење во сиромаштија. За...

(Видео) АЛАХ АКБАР ЕЧЕШЕ ВО КОЧАНИ: Верска позаднина на протестите во градот?!

Алах акбар ечеше по улиците во Кочани попладнево. Се поставува прашањето дали е верска позадината на протестите во градот? Првичните  информации со кои располага Инфомакс...

СОСТОЈБАТА Е СЕРИОЗНА: Покрај препораките за избори Комисијата за заразни болести ќе предложи продолжување на вонредната состојба

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата продолжување на вонредната состојба во пресрет на најавената седница на Советот за национална безбедност, што...

РАБОТАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Коронавирусот во Македонија зеде 4 нови жртви

Во последните 24 часа регистрирани се 52 нови случаи на заболени од Ковид-19 во земјава. Резултатот е добиен по изработени 661 тест. Распоред по градови: Скопје...

СЕ ВРАЌААТ РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ?!: Еве што предлага Комисијата за заразни болести

Неофицијално, ТВ21 дознава дека во последните 24 часа бројот на заболени од коронавирус е над 50. Заменик министерот за здравство, Арменд Арслани, за ТВ21 изјави...

Повеќе вести