Што крие?: Нетанјаху yништyвал документи моменти пред нaпуштaњето на функцијата

Документите што беа заклучени во сефот на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху беа искинати во неделата, веднаш по стапувањето на должноста на новиот премиер Нафтали Бенет, објави денес израелскиот весник „Харец“.

Луѓето кои работеле во канцеларијата со поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху велат дека токму тој наредил да се искинат документите, но сè уште не е познато за кои документи станува збор и за колку ги има, се додава во текстот.