Што ли и даде Буш на Мишел Обама? (Видео)

  • December 6, 2018

На свечената церемонија по повод испраќањето на Џорџ Буш Постариот, кој почина на 1 декември, присуствуваа Доналд и Меланија Трамп, како и поранешните претседатели со сопругите – Бил и Хилари Клинтон и Барак и Мишел Обама.

При поздравувањето на Џорџ Буш Помладиот со семејствата Трамп, Клинтон, Обама, Буш извади нешто од својот џеб и ѝ го даде на Мишел, а таа се заблагодари и се насмевна. Се претпоставува дека станува збор за чоколадо.

Сопругата на Обама од Буш Постариот се прости на Инстаграм со емотивен пост во кој изрази восхитување кон поранешниот претседател.

При една од последните средби со постариот Буш, Мишел добила чоколадо, па се претпоставува дека Буш Помладиот го повтори гестот на својот татко.

Претходно «
Следно »