ШТО СЕ КРИЕ ЗАД „ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“: Се крие ли проектот „Голема Албанија“ зад најавата на Еди Рама за бришење на границата со Македонија?

  • January 22, 2019

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави, коментирајќи ја идејата за размена на границте помеѓу Србија и Косово, дека во обединета Европа границите се невидливи. Тој истакнува дека размената на територија и етничките граници се концепт од минатото

Со обзир на тоа дека Еди Рама ја таргетираше Македонија како следна држава со која Албанија има намера да ги отвори границите, откако тоа е направено со Косово, дали оваа изјава на Димитров оди во корист или против идејата на албанскиот премиер?

Бранко Ѓорѓевски, политиколог, смета дека во отварањето на границите нема ништо лошо ако целта е следење на европските вредности.

„Ако се оди доследно согласно идејата на концептот за ‘обединета Европа’ каде границите се невидливи, нема некои поголеми проблеми в тоа што Еди Рама го најави и што го кажа грчкиот министер за надворешни работи. На страна тоа што големодржавните проекти не се дефинитивно закопани, ние на Балканот мораме да одиме кон тоа границите да станат невидливи“, смета Ѓорѓевски, пренесува Спутник.

Ѓорѓевски, сепак, е свесен за фактот дека некои немаат за цел на овој начин да го олесат животот на граѓаните и прометот на роба, туку да ги реализираат токму политичките идеи.

„За борба против великодржавните концепти, границата не е проблем. На тие проекти мора да им се спротивстави Европа. Тоа не би требало да биде дозволено бидејќи би пробудило многу аспирации и некои лоши проекти од минатото“, додава тој.

За обединувањето на територијата на Балканот постојано се зборува, наведува Ѓорѓевски, и сите за тоа зборуваат. А аспираци кон териториите на сосдите постојат, барем на зборови, кај сите политички структури на бившите републики на СФРЈ.

„Дали ќе дозволат да им се отцепи некој дел од територијата е работа на капацитет на државите. Така, работа на Македонија е како ќе се постави кон своите граѓани од друите националности“, вели Ѓорѓевски.

Факот дека се повеќе се зборува за тоа дека позади идејата за промена на принципите на европските вредности кога станува збор за границите, се крие идејата за „Голема Албанија“, според соговорникот на Спутник, е опасна, но не мора да значи дека е и остварлива.

Претходно «
Следно »