ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ДИК: Комисијата ги проверува записниците, а потоа ќе соопштат кој колку мандати добил

  • December 12, 2016

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни комисии и дури потоа ќе излезат во јавноста со конечните резултати од предвремените парламентарни избори, изјави за МКД.мк Љупка Гугучевска, портпаролка на ДИК.

dik_portparol2

– Бидејќи мала е разликата, членовите на ДИК овојпат сакаат детално да ги прегледаат изборните материјали, записниците од сите општински изборни комисии. Членовите на ДИК всушност сега првпат ги прегледуваат записниците, па дури потоа ќе ја соопштат информацијата за освоените пратенички мандати за новиот собраниски состав – вели Гугучевска.

Во меѓувреме на социјалните мрежи кружи информација дека во ДИК се наоѓа и амбасадорот на САД.

Претходно «
Следно »