October 20, 2021, 7:57 pm

ШТО СЕ СЛУЧУВА?: Помор на птици низ Македонија – фармерите алармираат на опасност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во групата „Фармери“ на Фејсбук граѓани споделија фотографии од помор на врапчиња кој бил забележан низ повеќе градови во Македонија.

Членовите во групата споделуваат и најразлични фотографии од помор на врапчиња во нивните градови и населени места.

„Прошетајте малку меѓу Струга и Охрид покрај езерото има колку сакаш вакви мртви и тоа од вчера до денес се случува ова“.

„Пред некој ден забележав има и тоа полно“.

„Сабајле и во кумановско има, и во Свети Николе, и во Кичево, се само дел од коментарите“ под фотографиите со поморот од врапчиња во оваа јавна група на Фејсбук „Фармери“.

Инаку во групата дел од граѓаните коментираат и дека ова се случува во повеќе земји низ светот, не само во Македонија, но причината никој не ја знае.

Најголем дел од фармерите се сомневаат дека поморот на птици (штанглици и врапчиња) е поради некакви хемикалии во воздухот кои и тие не знаат кои се, но и активирањето на 5г мрежата која ја посочуваат како најверојатен причинител на оваа ситуација.

Latest News

Грчева: Го слушам Заев вели дека морале веднаш да се променат…

Човек како Зоран Заев и номенклатурата околу него се фаталоносците кон Европската Унија. Тој не може да нѐ однесе...

More Articles Like This