ШТО СЕ KPИЕ НА УСБ-ТО ЗА КОЕ НЕМА УВИД ОДБPAHАТА: Споменато мистepиозно УСБ од страна на адвокатот на Боки 13

  • December 3, 2019

Во тек е првото рочиште за случајот „Рекет“, воведен збор веќе имаше Вилма Русковска, додека Зоран Милевски попознат како Кичевскиот ја призна вината и за него ќе се води одвоена постапка, додека Бојан Јовановски и Катица Јанева се чувствуваат како невини. Сепак јавноста и новинарите најмногу ги заинтересираа воведните зборови на одбраната поточно на адвокатот на Боки 13-ка, Сашо Дуковски кој спомена мистериозно УСБ во кое одбраната немала увид, а притоа е дел од доказите кои обвинителството ги има против обвинетите.

-Едноставно не може доказ да остане не анализиран од страна на одбраната, а токму тоа се случи во овој предмет. Независно од фактот којшто е на сила, а тоа е дека обвинението е стапено на правна сила. Да сублимирам можеби доколку би ја знаеле содржината на овој доказ, нашата одбрана и подготвувањето на нашата одбрана би одела во друга насока. Но најважно е што е не може една од странките да остане покуса, вели Дуковски.

Претходно «
Следно »