ШТО ТОЛКУ НАПРАВИ МИЛЧИН ЗА ДА ДОБИЕ ОРДЕН ОД УЧК: Зошто командант Змија му врачи орден на УЧК токму на Милчин?

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ и утре на средби со граѓаните во повеќе населени места

Во текот на утрешниот ден 02.07.2020 година, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ, ќе остварат средби со граѓани и ќе...

За македонскиот јазик и за Гоце Делчев нема преговарања

Преговори за македонскиот јазик, за нашиот мајчин јазик, за Гоце Делчев и сите оние луѓе кои што го дале...

Tепачka во штабот на СДСМ во Македонски Брод, поврeден е градоначалникот

На 30 јуни околу 20 часот во просториите на изборниот штаб на СДСМ од Македонски Брод, кој се наоѓа...

Наградата која УЧК му ја врачи на поранешниот прв човек на Фондацијата “Отворено општество” и најпозната соросова фигура во Македонија, Владимир Милчин, предзивика лавина од реакции на социјалните мрежи

milcin_hasim

Граѓаните коментираат за поданичкиот и понизен поглед на Милчин до косовскиот претседател Хашим Тачи. Милчин беше одликуван “за заслуги за унапредување на Албанците”, потег кој предизвика револт кај Македонците. Екс-директорот на Соросовата фондација се најде меѓу стоте личности од Македонија кои беа одликувани, меѓу кои и лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека наградата е резултат на долготрајни напори, посветеност и макотрпна работа од страна на Милчин.

Одликувањето на Милчин не е изненадување. Минатата година организираше митинг на СДСМ на кое беа декларирани ставовите кои денес се изборна платформа на СДСМ, двојазичност и промена на Уставот. На тој митинг присуствуваа и поддржувачи и членови на косовската бригада, на УЧК, како и нескриено се истакнуваа и симболите на Голема Албанија.

На Хашим Тачи, претседателот на Косово, во предвечерието на 108-годишнина од албанската азбука му текна на Милчин и на неговите претстави во Приштина во 1984 година, 1985 и 1986 година. Па спомнувајќи си на таа прекрасна атмосфера на Косово додека удбашкиот шпион Милчин режирал нережимски социјалистички театарски претстави, си рекол „мора да му дадам медал!”

Зошто, доколку оставил на Косово „толкав” впечаток, Милчин не беше одликуван „за културата” од Ибрахим Ругова, кој, можеби, и ги следел претставите? Или потоа од Фатмир Сејдиу? Еве, ако не, барем од Атифете Јахјага, на пример?

За потсетување, ви­стин­ски­от ор­га­ни­за­тор и на про­те­стот, а, ка­ко што се чи­ни, и на по­ли­тич­ка­та кри­за во земјата, беше Вла­ди­мир Мил­чин. Се­ка­ко, ту­ка беа и при­друж­ни­те во­ка­ли во форма на граѓански здруженија, а за­ед­нич­ко на си­те, вклучително и СДСМ, е тоа што, всуш­ност, си­те тие “се хра­нат” од џе­пар­ла­кот од Со­рос, спо­ред ра­ка­та на Мил­чин.

На митингот беше истакната и јавна поддршка за 113. косовска бригата именувана по Исмет Јашари, чии членови и челни луѓе го предводеа упадот во Куманово една недела пред митингот. Во таа пресметка со те­ро­ри­сти­те паднаа осум по­ли­ци­ски жи­во­ти. На тоа се на­до­вр­зу­ва­ат и сим­бо­ли­те за иде­и­те за Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, со кои на­се­ка­де на Бал­ка­нот се пре­диз­ви­ку­ва­ат ин­ци­ден­ти, по­ткре­пе­ни и со скан­ди­ра­ња за УЧК. Заев и СДСМ потоа ја почнаа кампањата кон албанските гласови.
Побаравме став од Фондацијата “Отворено општество – Македонија# за одликувањето на Милчин, но од таму само кусо ни одговорија дека Милчин веќе година и повеќе не е извршен директор на ФООМ, а за повеќе детали прашања да испратиме на официјалната и-мејл адреса. По писмен пат прашавме колку Фондацијата е горда на наградата која УЧК му ја додели на Владимир Милчин, но добивме само одговор дека ФООМ немал никаква врска со овие одликувања.
Зошто сега и зошто Хашим Тачи, познат како Командант Змија? Со што толку Милчин го импресионирал Тачи, обвинет од Карла дел Понте за трговија со човечки органи и осомничен од Советот на Европа за малтретирање Срби и Роми, за да го награди?

Ниту годинава е некој јубилеј од Албанската азбука, ниту, пак, е јубилеј од Косовската независност; ниту, пак, волшебните претстави, кои „го поттикнале будењето на Косово” на Милчин, имаат некој датум што би се врзал со оваа 2016 година.

Инаку, во своето обраќање, Хашим Тачи ја оцени Ослободителната војска на Косово (УЧК) како најважен национален проект и „најуспешна политичко-воена организација на 20 век#. Тоа, посочува Тачи пред присутните, “не би било возможно без вас, вашата жртва и братска помош#.
– Денешната церемонија е знак на благодарност кон борците и војниците кои ги дадоа животите во правичните битки на ОВК, за оние кои се бореа и кои пружиле отпор во нејзините редови- додаде Тачи, кој изрази благодарност на политичките активисти кои на време имале потребна визија, смисла и подготвеност да се ориентираат кон заштита на албанските национални интереси.

Актуелно

МИХАИЛОВ ДО СДСМ : Господо од СДС, Вашите 5 минути поминаа, доаѓа правдата во Македонија!

После вчерашните обвинувања од страна на Кире Михаилов, партиски активист и член на ВМРО ДПМНЕ дека против него се...

Преговори нема ни годинава, Германија се пишмани

Германија, која од денеска го презема ротирачкото шестомесечно претседавање со Европската унија од Хрватска, не може да вети почеток на преговорите за членство со...

(Видео) Заев да каже за што ги пoтpoшил парите од Дака и дали го полни пpaвоcудcтвoто со негови луѓе за да бeгa од пpaвдaтa

Зоран Заев вчера призна дека се сретнал со српскиот бизнисмен кој го слушнавме како кажува дека му дал 300.000 евра. Заев мора да собере...

(Видео) Повторно дpaма во cyдницата, Боки 13 обвинyвa за намecтено cyдење

Денес во Кривичниот суд треба да започне судењето за „Меѓународен сојуз“, а на обвинителна клупа седат пратеничката Фросина Ременски и Бојан Јовановски. Овој предмет ќе...

Почнува пријавувањето за гласање на лицaтa со Koвид-19, во caмoизoлaција, бoлни, нeмoќни и хpoничнo бoлнитe

Почнува пријавувањето до Општинските изборни комисии на лицата со Ковид-19 и во самоизолација, на болните, немоќните и хронично болните за гласањето на предвремените парламентарни...

Повеќе вести