October 24, 2021, 4:14 am

Штo ce cлyчyвa вo Израел? – бycтep дoзa дoбилe 3 милиoни, зapaзeни 10.000 зa 2 дeна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Израел, според најновото соопштение на Министерството за здравство, за два дена се регистрирани повеќе од 10.000 случаи на нови случаи на ковид, во моментот кога третата, бустер доза на вакцината ја примиле повеќе од тројца милион луѓе.

Од тоа, 4.683 беа заразени во петокот, а денес 5.344, објави „Тајмс оф Израел“.

Бројот на пациенти кои се во сериозна состојба се искачи на 717, иако се намали под 700 на почетокот на месецот, а меѓу оние кои се во сериозна состојба, 195 се на респиратор.

Во Израел има 84.527 активни случаи, а од почетокот на пандемијата, регистрирани се 1.219.374 случаи на ковид.

Починаа 7.507 пациенти.

Министерството соопшти дека бројот на репродукција Р паднал под еден. Секој број над еден е показател дека ширењето на вирусот се забрзува, додека броевите под еден го покажуваат спротивното.

Според министерството, 6,06 милиони луѓе досега примиле барем една доза, 5,5 добиле две дози, а три милиони добиле трета, засилувачка доза на вакцината.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This