January 25, 2021, 9:42 pm

Штo ce cлyчyвa co тлoтo нa Хрватска???: Oд 28-ми дeкeмвpи дo дeнecкa peгиcтpиpaни нaд 800 зeмjoтpecи

Поврзано

200 милијарди долари зakопани под Србија

Во Србија, како што неодамна рече министерката за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, потврдените резерви на минерални суровини вредат...

Плeнкoвиќ: Не се почитувaaт договopите со ЕУ, нeкoи плаќaaт повeќe за побpзo да дojдат дo вakцини

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ оцени дека дипломатијата околу вакцините против Ковид-19 се претвора во нивно киднапирање. Реков дека „Вакцина дипломатијата“...

Уште една пратка од речиси 12 000 вaкцини пристигнa во Србија, ние ќе си почекаме

На Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ пристигнати се уште 11.700 дози од вакцината Фајзер, пренесуваат српските медиумите...
- Advertisement -

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на владиниот состанок денеска објави дека од 28 декември во државата се регистрирани над 800 земјотреси. Тој рече дека досега се регистрирани 41.500 оштетени објекти и се заблагодари на сите што испратија помош за жртвите од земјотресот, на волонтерите и на донаторите.

Хрватската Влада усвои предлог за проширување на надлежностите на Законот за реконструкција на Град Загреб, Крапинско-Загорска и Загрепската жупанија, како и на Сисачко -Мославската и Карловачката, што беа погодени од разорниот земјотрес на крајот на минатата година.

Нацртот на изменетиот Закон е ставен во собраниска процедура и со него се предвидува спроведување на процедури за обновување и станбено згрижување во уште две жупании, како и санирање на дополнителна штета предизвикана од тие земјотреси.

Министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот, Дарко Хорват, на прес-конференција изјави дека државата целосно ќе финансира реконструкција на недвижен имот во областа каде е прогласена состојба на катастрофа, јави агенцијата Хина.

За домаќинства чии куќи во областа не се погодни за живеење, државата се обврзува да им обезбеди привремено сместување.

Latest News

ЕУ ги заострува граничните контроли:Тестови, кaрантин и следенње контакти за патници од трети земји кои патуваат во унијата

Во ситуација на ширење на новите мутации на коронавирусот и голем број новозаразени, Европската комисија повика на избегнување на...

More Articles Like This