ШЧЕРБАК ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ СЕ ОПРОСТИ СО ИВАНОВ: Рускиот амбасадор во заминување поседната своја средба ја оствари со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов

Поврзано

СВЕТСКИОТ ТРЕНД „IQOS“ КОНЕЧНО И КАЈ НАС: Филип Морис ТКП денеска го лансираше IQOS во земјава

Скопје (26.05.2020) – Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија од денеска е во продажба во...

ГИ ДОБЛИЖИЈА ЛИ ПАРТИИТЕ СТАВОВИТЕ: Ахмети ќе проба да ги убеди Заев и Мицкоски дека 5 јули е најдобриот термин за избори

Ќе биде ли јули компромисниот месец за одржување на предвремените парламентарни избори ќе биде појасно кон крајот на неделава...

РКЕ: Нови цени на горивата од утре на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе биде во сила...

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална посета го прими амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. г. Олег Шчербак.


На средбата Претседателот на Република Македонија му заблагодари на амбасадорот Шчербак за неговата досегашна посветеност во продлабочувањето на соработката и севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

Претседателот Иванов изрази задоволство од континуираната поддршка од страна на Руската Федерација и истакна дека во духот на традицијата и пријателството, очекува односите меѓу двете земји во иднина да се зацврстуваат и унапредуваат.


Македонскиот претседател се заблагодари за долгогодишниот дипломатски ангажман на амбасадорот Шчербак и изрази задоволство од политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Руската Федерација и интензивираните посети и контакти на сите нивоа во изминатиов период.

Претседателот Иванов го поздрави придвижувањето на соработката меѓу двете земји во сферата на економијата и зголеменото присуство на руските компании во Република Македонија и ја нагласи подготвеноста на Република Македонија за натамошно градење на партнерски односи со Руската Федерација во сферата на економијата и трговската размена.

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните политички состојби во Република Македонија и за последните случувања во регионот и Европа.

Актуелно

OД КАДЕ МУ ИНФОРМАЦИИ НА КУРТИ: Избори во Македонија ќе има во јули

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти денеска повторно се заложи за вонредни парламентрни избори во неговата...

РАСТЕ БРОЈКАТА И ДЕНЕС: На 250 теста 21 нов случај на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-2, Прилеп-2, Велес-2, Гостивар-1, Крива Паланка-1, Пехчево-1 и...

Нов раст на новозаболени од Ковид-19, да се почитуваат препораките

Бројот на новозаболени од коронавирусот во државава повторно е во пораст. Според вчерашните податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 37 нови случаи...

БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани...

СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина. Забраната не важи за полицијата, армијата,...

Повеќе вести