Шokaнтнo: Кина вo 2015 година плaниpaлa дa гo yпoтpeби CAPC кaкo биoлoшko opyжje??

Поврзано

- Advertisement -

Документи до кои дошол американскиот Стејт департмент, наводно покажуваат дека кинески воени научници уште во 2015 година предвидувале дека Трета светска војна ќе се води со биолошко оружје, се наведува во книгата на австралиската новинарка Шари Марксон.

Објавата на Твитер може да ја погледнете ТУКА.

Американски официјални лица добија документи кои ги напишале воени научници и високи кинески службеници за јавно здравје во 2015 година, како дел од нивната лична истрага за потеклото на Ковид-19. Во нив кинеските научници го опишуваат коронавирусот САРС, кој е сличен на Ковид-19, како најава за „нова ера на генетско оружје“. Тие се фалат дека со вирусите може „вештачки да се манипулира во нов вирус на човечка болест, а потоа со оружје и ослободување на начин кој не бил видел порано“.

Кина долго време беше обвинувана за прикривање информации на почетокот на пандемијата, во смисла дека Комунистичката партија манипулираше со податоци за бројот на заразени лица и смртни случаи, а истовремено ги негираше информациите до Светската здравствена организација.

Повеќето научници тврдат дека нема докази дека Ковид-19 е вештачки вирус, сепак останува прашањето дали тој избегал од биолошката лабораторија во Вухан. Нема докази што сугерираат дека Кина намерно го ослободила вирусот.

Извор: 24info.mk

Latest News

Тешka сообраќајка кај Охрид, Романец и Молдавка со четирицикл излeтале од патот

На 16.06.2021 во 22.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Болницата „Св.Еразмо" во Охрид со тешки телесни...

More Articles Like This