August 13, 2020, 7:25 pm

ШokaHTHo ОД САД, ПРЕД ОТВОРАЊЕ НА УЧИЛИШТАТА: Во летен камп, 260 деца се 3apa3иле, во досега незабележано бpзо пренеcување на Koвид 19

Поврзано

Дали правилно ги користите средствата за дeзинфекција?

Со прскање на средства за дезинфекција во форма на спреј или капки на рацете, а потоа брзо бришејќи ги,...

(Видео) Најдобри вeжби за cтoмaчни мycкyли

Во вашите напори за одржување на формата и здраво билдање мускули сигурно сте слушнале, прочитале и виделе сѐ и...

Проширен cпиcoкот на 11 дoкaжaни cимптoми на Koвид-19

Списокот на докажани знаци на Ковид-19, неодамна објавен од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), вклучува единаесет...
- Advertisement -

Во шокантен наод со вознемирувачки импликации за училиштата, 260 деца и вработени имале позитивиен тест на Ковид 19 откако поминале само неколку дена во летен камп во северна Џорџија, се истакнува во студијата објавена во петокот од Центарот за контрола на болести и превенција во САД.

Тоа е досега еден од најголемите случаи на вакво масовно и експресно ширење на Ковид 19 во државата.

Сите советници и кампери „ги поминаа сите задолжителни скрининзи“ и се бараше да имаат негативен тест на Ковид 19 пред да бидат примени во кампот кон крајот на јуни, се вели во студијата. Од 597 учесници во кампот… – во извештајот идентификуван како „Камп А“ – 344 биле тестирани, а 260 биле позитивни.

Тоа е стапка на инфекција од 77 отсто кај тестираните 344 лица. Најголем број на позитивни тестови (повеќе од 50 отсто од тестираните) имало во групата на најмалите деца, на возраст од 6 до 10 години, а 75 отсто од сите деца кои се знае дека биле позитивни на Ковид 19, манифестирале симптоми, покажала студијата.

Наодите имаат длабоки импликации за очекувањата за повторното отворање на училиштата во државата.

„Оваа студија е доказ дека децата од сите возрасти се подложни на инфекција САРС-КоВ-2 и, спротивно на раните извештаи, може да имаат важна улога во пренесувањето“, предупредува студијата.

„Ако имате раширено и брзо распространување на вирусот во заедницата, тогаш не можете да ги отворите училиштата. Нема ни колеџ за отворање. Едноставно, тоа нема да функционира“, рекол Брајан Кастрочуци, извршен директор на Фондацијата Де Бумонт.

Вирусот во кампот започнал да се шири од советник за тинејџери, кој заминал откако се разболел пет дена по советувањата на персоналот и два дена по пристигнувањето на децата. Советникот бил тестиран и бил позитивен на Ковид 19 следниот ден. Организаторот веднаш започнал да ги испраќа децата дома и го затворил кампот три дена подоцна.

Министерството за здравство во Џорџија започна истрага и започна со тестови. Во извештајот посебно се забележуваат „високите стапки на преносливост“, иако во кампот биле следени здравствени упатства – но не сите. На пример, членовите на персоналот носеле маски, но од камперите не се барало да го сторат тоа…

„Релативно големите групи што спијат во истата кабина и се вклучиле во редовно пеење и навивање, веројатно придонесоа за пренесување“, стои во студијата. „Употребата на маски од ткаенини, за кои се покажа дека го намалуваат ризикот од инфекција, не била универзална“…

Настанот го истакнува ризикот во очекување на отворање на училиштата, бидејќи ја истакна важноста да се следат сите здравствени упатства.

„Правилната и постојана употреба на заштитни маски, ригорозното чистење, социјалното растојание и честото миење на рацете, кои се препорачуваат во неодамна објавените упатства за повторно отворање на американските училишта, се клучни за да се спречи преносот на вирусот во настани кои вклучуваат деца“.

Поранешниот епидемиолог Брајан Кастрочуци, извршен директор на фондацијата „Де Беумон“, непрофитна организација во Мериленд која им помага на јавните здравствени агенции, рече дека извештајот претставува сериозно предупредување за училиштата.

„Ова треба да ви покаже колку активно децата можат да го пренесат вирусот“, рекол тој за весникот Атланта (ако се сеќавате, кај во Македонија едно време се тврдеше дека децата не се заразуваат, а ако се заразат, не го пренесуваат вирусот, н.з.)… Гувернерот на Џорџија Брајан Кемп (Р) потпиша извршна наредба во мај, дозволувајќи им летни кампови да работата, под услов сите учесници да имаат негативен тест Ковид-19…

Latest News

Кapaнтин во Кина, се шири болecта која yби 200 милиони луѓе во средниот век

Паникa ја зафати кинеската провинција Внатрешна Монголија откако беше воведен и втор каpантин, два дена по првиот, со кој...

Република Српска уплати аванс за навреме да обезбеди од руската вакцина

Република Српска и понуди аванс на Русија со цел навремено да обезбеди вакцина против коронавирусот, рече премиерот на Република Српска, Радован Висковиќ. Висковиќ рече дека...

Македонија ќе чека вакцина од СЗО, Шпанија веќе набави од руската вaкцина

Првата вакцина во светот прoтив коpoнарниот вирус Спутник V, како и други руски препарати за бopба прoтив пaндемијата, ќе биде достапна во Шпанија. Како што...

Земјотрес регистриран во пехчевското епицентрално подрачје

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Земјотрес чиј епицентар се наоѓа 105 километри југоисточно од Скопје и потекнува од пехчевското епицентрално подрачје регистрирала денеска...

Над 100.000 граѓани останаа бeз плата, пeнзија и социјална помош поради зaтворањето на Еуростандард банка

Над 100.000 граѓани кои земаа плата, пензија или социјална помош останааа бeз пари со затворањето на Еуростандард банката. Не можат да си...

More Articles Like This