ЃАВОЛОТ БИЛ ВО МПЦ, ТАКА ВЕЛИ БОКИ 13: Пуленот на СДС Боки 13, со навреди до МПЦ нарекувајќи ги „ѓаволи“ и „хомосексуалци“

  • July 12, 2017

Боки 13 во дебата на ТВ 24 Вести жестоко го нападна отецот Ивица Тодоров и МПЦ во полемиката дали на хомосексуалците треба да им се дозволи да посвојуваат деца или не.

Боки 13 го провоцираше отецот Ивица со прашања од типот што би направил кога негово дете или на негов близок бил хомосексуалец, на што Тодоров одговори дека се хипотетички прашања и дека прво и основно се отвара прашањето на кој начин човек станува хомосексуалец, кои се причините. Тоа го разлути Боки 13.

„Ѓаволот е кај вас тогаш. Вие не сте оптеретени со религијата и со православието кое што го ширите, дека (бидејќи, н.з.) сте оптеретени со хомосексуалноста. Најголемите хомофобни ликови, тие се потенцијални хомосексуалци“, се само дел од навредите упатени од Боки 13 кон отец Ивица.

Боки 13 како што вели самиот, е близок пријател со Зоран Заев, Оливер Спасовски и Мила Царовска. Со нив одржува состаноци како да е амбасадор или министер на некоја странска држава, а не она што реално е – претседател на невладина организација која постои десет дена и од искуство има направено две акции за помагање на 5 луѓе.


Притоа, Боки 13 е човек кој ја разјари целокупната јавност со најавите дека ќе ги искористи своите врски со власта на СДСМ за да посвои деца во тендерска постапка според негов вкус – едно христијанче, едно муслиманче и едно со посебни потреби.

За потсетување, семејства со двајца родители со добри примања и ситуирани, луѓе кои имаат биолошки проблеми за зачнување, чекаат со години за да посвојат дете. Боки 13 најави во обидот за посвојување ќе ја искористи блискоста со Мила Царовска од СДСМ која е министер за труд и социјала, како и поддршката за сите негови активности која му ја дава Зоран Заев.

Претходно «
Следно »