ЃОКО КОТЕВСКИ ТЕРАЛ И МИЛИОНСКИ БИЗНИС: Како претставник на фурна „Диме“ склучил договори во вредност од неверојатни 500.000 евра со државни институции!

  • February 22, 2019
  • Коментари

Не само што директорувал со зaтвopoт во кој му се случуваа, засега според неофицијални инфомации, нарачани нaпaди на политички неистомисленици со власта, директорот од кој Заев побара оставка Ѓоко Котевски, си терал и бизнис

 

Како претставник, барем според договорите кои ги склучил со државните органи, на фурна „Диме“, Котевски склучил неколку десетици договори за набавка на прехрамбени производи со државни институции, училишта и државни претпријатија.

Котевски склучил 30 договори за набавка на леб и бели пецива со 30 државни институции, и тоа само во 2019 година, односно за рекордни два месеци, направил договори во вредност од неверојатни 27 милиони денари за само два месеци, или речиси половина милион евра!

Како лице, носител на набавката, барем според документите достапни на елекронскиот систем за јавни набавки, се појавува токму Ѓоко Котевски, кој како директор на истражниот зaтвop „Шутка“ потпишувал и договори во име на фурна „Диме“. 

Претходно «
Следно »