ЃОРЧЕВ ГО МОЛЕШЕ СУДОТ ЗА МИЛОСТ: Кацарска го замоли Ѓорчев да не ја користел судницата како говорница, инаку би бил добар адвокат

Поврзано

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Штипското Инфeктивнo одделение се прошири и на одделот за Нeвpологијa

Штипското Инфективно одделение од попладнево и официјално се прошири на Одделот за неврологија, кое се наоѓаше во истата зграда....

(Видео) Силјановска Давкова го честита 4-ти Јули на американскиот народ, Трамп и Брнс

Носителката на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова со честитка за 4-ти Јули: На американскиот народ, Претседателот...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во денешното сведочење пред судот молеше за милост и човештина кон луѓето обвинети за настаните од 27-ми април.


Тој пред присутните посочи неколку лица кои ги видел на 27-ми април во Законодавниот дом, меѓу кои Мумир Пепиќ, Горан Ѓошевски и Владо Јовановски. За нив рече дека со поглед се договарале, а и извикувале да се смирува ситуацијата и посочи дека имало луѓе по ходници, на скали, луѓе заклучени по канцеларии, како и во подрумот на законодавниот дом. Во дел од своето сведочење тој го спомна и поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и Богдан Илиевски за кој рече дека се видел во наредните денови по 27-ми април и му кажале дека им било жал што се случило насилство во Собранието, пренесе МКД.МК.

По ова Ѓорчев се обрати до присутните и побара да каже, како што рече, нешто што долго му лежело на срце:

„Го молам судот за милост и човечност кон овие луѓе, исто како што молев и замолував на 27-ми април во Собрание да не се тепаат луѓе. Го молам судот да не отиде предалеку со овие луѓе бидејќи овие присутни тука имаат семејства и кога сето ова ќе заврши, кога ќе наполниме по 60 – 70 години, ќе треба пак да се сретнеме на улица и да си кажеме добар ден. Го молам судот за милост“, рече пратеникот Ѓорчев.

На ова жестоко реагираше обвинителката Вилма Рускоска која се обрати до судијката Кацарска и ја праша судијката – на што личи ова судија. „Веќе го предупредивте дека ова е судница, а не собраниска говорница“.

Кацарска, насмеано му рече на Ѓорчев: „Нема да ви земам за зло за ваквата изјава, со оглед дека сте пратеник долги години, па ќе ви простиме. На ова ќе ви одговорам само дека би биле одличен адвокат и одлично би ги бранеле обвинетите во овој предмет“.

Ѓорчев по ова продолжи да зборува заблагодарувајќи се на можноста да го каже тоа што му тежело, се заблагодаруваше до судот, до присутните, до обвинителството и до сите останати по што пред да ја напушти судницата повтоно беше потсетен дека се наоѓа во суд, пренесе МКД.МК.

Актуелно

Си легна на брашното, Заев ќе коалицира со Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за МИА вели дека очекува победа на изборите, па дури и поддршка...

Шokaнтнa ayдио бomбa: “Рашо одобри, се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да...

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа за коисе тврди дека се на Стојче Чифлигароски, сопственик...

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во километарски колони, возачите се нервозни...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

Повеќе вести