ЃОРЧЕВ: Двајца да кивнат ќе ви падне Владата

  • April 11, 2018

Дали Ќе одговараат функционерите на ДУИ праша пратеникот Влатко Ѓорчев по обвинувањата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за криминално владеење на претходната власт.

– Обвинувавте дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ била криминална. Па добро ќе одговара ли некој од ДУИ? Не. Се удрила полицајката во Пајакот. Нема да одговара никој од ДУИ. Двајца да кивнат ќе ви падне владата, реплицираше Ѓорчев.

Претходно «
Следно »