ЃОРЧЕВ ДО АНЃУШЕВ: Дали вицепремиерот си ги враќа долговите кои ги имал пред да влезе во политика со пари на граѓаните?

Поврзано

(Видео) Најновиот спот на ВМРО-ДПМНЕ пpeдизвикyвa eжeњe – Да започнеме со обновата на ypниcaнoтo достоинство на Татковината

Изгреј, Сонце! Да започнеме со обновата на урнисаното достоинство на Татковината! За нас, за нашите деца! Изгреј, Сонце! Обновата Доаѓа! Видео линкот...

Фаница Николоска од СДСМ си тepaшe кампања и ги злoyпoтрeби пожapникаpитe во службена униформа, во службени простории

ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово преку статус на Фејсбук пишува дека граѓаните на Република Македонија секојдневно се сведоци на погубното владеење...

(Видео) Се oбвpзyвaме во Проектот за Обнова на Македонија на многу нови проекти и мepки за спортот и спортистите

Кандидатот за пратеник во изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на својата фејсбук страница сподели видео од посетата...

Ѓорчев кажа дека веднаш по доаѓањето на Кочо Анѓушев на функцијата вицепремиер, неговата фирма „Фероинвест“ доби тендер во висина од 2.6 милиони евра од државната фирма ЕЛЕМ.

Денеска на прес конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев праша дали сомнителните бизнис интереси и милионските шеми помеѓу власта и приватниот бизнис стануваат приоритет, а интересот на граѓаните останува во втор план за оваа влада и оваа гарнитура.

-На седницата за гласање на доверба на владата, граѓаните јасно слушнаа дека вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој што беше своевремено претставуван како еден од најбогатите луѓе во државата, дента кога стапнал на функцијата втор човек во владата на Заев имал долгови од 26 милиони евра? Поминаа 5 дена, а од Анѓушев нема никаков коментар. Граѓаните се прашуваат дали долговите, кои што ги има Анѓушев се причината за негово активно влегување во политиката и дали тој ја користи функцијата втор човек во владата на Зоран Заев за добивање на тендери и државни привилегии?, праша Ѓорчев.

Ѓорчев кажа дека веднаш по доаѓањето на Кочо Анѓушев на функцијата вицепремиер, неговата фирма „Фероинвест“ доби тендер во висина од 2.6 милиони евра од државната фирма ЕЛЕМ.

-Граѓаните останаа фрапирани кога Анѓушев во екот на преговорите за името на Република Македонија, и идентитетот на Македонија, почна да лицитира со имињата и кажува дека се е прифатливо. Дека е прифатливо Нова, Горна, Северна или било какво друго решение кое што според неговите зборови тој е согласен за тоа. Набргу потоа граѓаните дознаа дека Анѓушев е во фаза на продажба на неговата фирма за трговија со струја, ЕДС, на грчкото државно електростопанство, фирма која што е во доминантна сопственост на грчката држава. Дали ова е случајно или не?, вели Ѓорчев.

Тој напомена дека сомнежите за злоупотребите на функцијата во повеќе инстанци не застануваа тука.

-Владата во ноември минатата година ја укина царината за литиум – јонски акумулатори само за производителите на машини и други производи што користат вакви батерии, но не и за трговците. Единствена фирма во Република Македонија која што користи вакви акумулатори е фирмата „Брако“, токму во сопственост токму на Кочо Анѓушев. Граѓаните прашуваат дали Кочо Анѓушев со нивните пари од Буџетот на државата преку разни тендери и преку разни царински ослободувања ги враќа долговите кои ги имал пред да влезе во политиката? Додека фирмите на Анѓушев нижат тендери и царински ослободувања, државата економски очигледно стагнира па дури оди надолу. Животот очигледно дојде само за фирмите блиски до врвот на власта. Државните средства не смеат и не треба да се користат за враќање на нечии долгови, изјави Ѓорчев.

Актуелно

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Мисајловски: Наместо економски бум и Клинички центар, останаа само лагите на СДСМ и Зоран Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на изборната еденица 2 Владо Мисајловски, вечерва гостуваше во емисијата на МТВ каде што даде интервју и...

Повеќе вести