ЃОРЃЕ ИВАНОВ ПРЕСЕЧЕ: СДСМ не може да го добие мандатот за состав на Влада!

  • February 1, 2017

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов информираше дека Иванов му кажал оти не можат да го добијат мандатот за формирање влада како втора партија по освоени мандати.
gjorgje-ivanov-2

-Како второпласирана партија со број на мандати не можеме да добиеме мандат за формирање влада. Укажувањето од Иванов беше дека треба да докажеме дека имаме мнозинство согласно Уставот, што значи 61 пратеник, чии потписи како доказ треба да бидат доставени во кабинетот на Иванов по што ќе добиеме мандат, изјави Заев по средбата.

Претходно «
Следно »