September 21, 2020, 3:43 pm

ЃОРЃЕ ИВАНОВ СЕ ОГРАДИ ОД ИЗЈАВИТЕ НА ЖИВАЛЕВИЌ: Македонските служби не барале услуги од агентот на српска БИА Живалевиќ!

Поврзано

Дачиќ со реакција на барањето на Македонија до Вселенскиот патријарх

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на претседателот на Македонија до Вселенскиот патријарх...

Зeлeна лyпa: Сашо Миjaлков пpивилегиpaн во однос на Миле Jaнакиecки

Од нашиот секојдневен судски мониторинг во Кривичниот суд може да констатираме дека закажувањето на термини за главна расправа не...

Коpoнавирус во кумановска градинка, негувателка позитивна на вируcoт

Негувателка од кумановската градинка е позитивна на коpoнавирус, потврдија денеска надлежните од јавната општинска установа „Ангел Шајче“. Негувателката работела...
- Advertisement -

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва испрати реакција во врска со изјавата на Горан Живаљевиќ, дадена за српската новинска агенција Танјуг.

– Како што и претходно информиравме, посочениот советник на претседателот Иванов не е овластено лице за пријавување на движење и престој на странски преставници и во конкретниот случај постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени. Согласно законите во Република Македонија, надлежен државен орган за комуникација со странски дипломатски преставници е Министерството за надворешни работи, додека посебна служба на Собранието на Република Македонија се грижи за редот во зградата, стои во реакцијата.

Кабинетот на Претседателот, како што наведува, не е надлежен, ниту овластен да дава дозвола за престој и одобрение за активности на странски преставници и дипломати во Собранието на Република Македонија.

– Изјавата на Живаљевиќ е спротивна на фактите. Македонските служби не побарале услуги од него. Тој по завршување на дејствијата и активностите во Собранието, испратил пораки до лица вработени во институциите, меѓу кои и посочениот советник, дека бил во Собранието со цел да обезбеди алиби и да ја намали одговорноста за своето постапување, пишува од Кабинетот на Иванов.

Фактите говорат, се додава во реакцијата, дека критичниот ден пред да влезе во Собранието на Република Македонија, амбасадорот на Република Србија, односно дипломатот не побарал писмена или усмена дозвола од овластено лице и надлежен државен орган, туку откако го завршил дејствието известил за своите активности, со што не може да ја намали одговорноста за неовластен престој во Собранието на Република Македонија.

– Во изминатиот период, Кабинетот на Претседателот реагираше на Амбасадорот на Република Србија да се прекине со злоупотреба на името на советникот, со цел да го користи како алиби и да одбегне одговорност за непрофесионалното однесување на дипломатот. Случајот со неовластениот престој на Живаљевиќ во Собранието на Република Македонија е затворен во постигнат договор меѓу службите, се посочува во реакција од Кабинетот на Иванов.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Дaнcки експepт: Шведска ja пoбeди епидемиjaта на Koвид-19

Еден од водечките дански епидемиолози, Ким Снепен, проценува дека епидемијата на корона вирус во Шведска веројатно е сузбиена, иако...

Дачиќ со реакција на барањето на Македонија до Вселенскиот патријарх

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, по повод барањето на претседателот на Македонија до Вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае Македонската...

Зeлeна лyпa: Сашо Миjaлков пpивилегиpaн во однос на Миле Jaнакиecки

Од нашиот секојдневен судски мониторинг во Кривичниот суд може да констатираме дека закажувањето на термини за главна расправа не се применува со еднаков пристап...

Коpoнавирус во кумановска градинка, негувателка позитивна на вируcoт

Негувателка од кумановската градинка е позитивна на коpoнавирус, потврдија денеска надлежните од јавната општинска установа „Ангел Шајче“. Негувателката работела во клонот „Детелинка“, во петокот...

(Видео) Овој човек ни го вoди надвopeшни: Османи нe одговopи дали Делчев е Македонец

Министерот за надворешни работи избега од историските факти, и не одговори дека Делчев е Македонец. „Откако договорот воспостави ред во таа комуникација и историските...

More Articles Like This