ЃОРЃИ СПАСОВ СЕ ИЗРЕЗИЛИ: Класично непознавање на изборните правила за еден професор или свесна манипулација

  • September 20, 2017

Професорот Ѓорги Спасов со став пренесен за Либертас се избрука со прозирна манипулација велејќи дека намерно ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини ќе оди со друг реден број на гласачкото ливче, а не бројот 13 со цел да се ослободи од коалицините партнери и дека тоа било наводно барање на самиот Груевски.

 

Се работи за класично непознавање на изборните правила и на работата на Државната изборна комисија што е зачудувачки за еден професор или пак за свесна манипулација. Имено на локалните избори е дозволено да се прават коалиции кои се различни во различни општини.

Тоа го прави и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и ДУИ и другите политички партии. Таму каде што има поинаков договор согласно правилата потребно и неопходно е да има одново ждребање на бројката со редниот број, што и беше случај за Теарце и Центар Жупа кааде ВМРО ДПМНЕ ќе оди со бројот 7.

Во Центар Жупа ВМРО-ДПМНЕ ќе оди со посебна советничка листа додека за градоначалник ќе го подржи кандидатот на турската коалиција партија Аријан Ибрахим, а во Теарце се излегува во изборната трка со Војо Гогоски. Различното ждребање не може да биде желба, туку е законска обврска.

Претходно «
Следно »