ЈАВЕТЕ СЕ НА ОВОЈ БРОЈ: Сите лица на кои им следува отштета поради поплавите, да се јават на овој број!

  • August 22, 2016

Министерството за финансии ги информира сите лица што беа евидентирани од Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во Скопскиот и во Тетовскиот регион дека ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства согласно со динамиката со којашто податоците стигнуваат во Министерството за финансии.
stajkovci_galerija (24)

Голем е бројот на лицата што во изминатите два дена ги доставија податоците за банката во којашто сакаат да им бидат исплатени средствата. Со цел да се избегнат блокадите на телефонските линии во Министерството за финансии, поради големиот број регистрирани повици, ги замолуваме сите оние што веќе еднаш воспоставиле контакт со Министерството, да им остават простор и на другите лица да се јават.
Исто така, Министерството за финансии ги известува граѓаните дека можат да пратат и смс порака до надлежните во Министерството, во која ќе ги наведат името и презимето, како и банката во која сакаат да им бидат уплатени средствата, на следниот број:

070 271 410

Би сакале да истакнеме дека во моментов се прибираат податоци исклучиво за лицата што се наоѓаат на списокот доставен од страна на Комисијата за проценка на штета.

Податоците и телефонскиот број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: [email protected]

Сè уште се на располагање и следните контакт телефони:

02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742

Претходно «
Следно »