December 6, 2021, 5:04 am

Јавното обвинитeлcтво нареди: СВР Скопје да ги обeзбеди листите на патниците на „Беса Транс”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веднаш по денешната прес-конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Република Македонија на 18 ноември 2021 година и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември 2021 година, информираа од Јавното обвинителство.

-Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус. Истата постапка ја спроведува и бугарското Обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден, се наведува во соопштението Обвинителството.

Latest News

Огромен астероид ќе влезе во орбитата на Земјата следната сабота

Огромен потенцијално опасен астероид, поголем од Ајфеловата кула, ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември, објави американската...

More Articles Like This