Јакимовски: Бугарите ги даваат државјанствата на Македонци за да ги притиснат тие луѓе за да кажуваат дека се Бугари

Поврзано

Мицкоски до власта: Ова е тepopизам, а не 27 април

Претседдателот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на дрскоста на владеачката СДСМ, која со притисокот врз болните пратеници кои со скафандери се...

HoB ckaHдал:Се појавува нов „Рашковски“, овој пат во Градот Скопје воден од Шилегов

Нов скандал на мафијата овој пат сомнежите се свртени кон тендер на мрзеливиот Петре. Очигледно на повидок е нов...

Османи ги пpeтcтaви пpвитe чeтиpи eкoнoмcки coвeтници кoи ќe бидaт yпaтeни вo Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во рамки на исполнување на предвидените активности кои произлегуваат од мандатна мисија,...
- Advertisement -

Бугарите ги даваат државјанствата на Македонци за да ги притиснат тие луѓе за да кажуваат дека се Бугари, а потоа да следат и други претензии од Бугарија кон Македонија, рече Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ на гостувањето во емисјата Само вистина што се емитува на телевизија Канал 5.

Според Јакимовски, обидот на Бугарија е само да фалсификуваат историја.

„Нивната историја е смешна. Каква е таа нивна историја генералот Михајло Апостолски кој им даде клоца после дојдоа да се поклонат и да се стават под негова команда. За каква историја зборуваат тие“, рече Јакимовски.

Тој укажа дека сега немаат методи како да влијаат и да прават притисоци, но тоа не значи дека треба ние да спиеме.

„Очигледно е дека во земјава имаме купени луѓе од Бугарија, тоа се луѓе кои земале пари за да го работат ова што го работат“, рече Јакимовски коментирајќи ги меѓудругото и ставовите на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Latest News

Мицкоски до власта: Ова е тepopизам, а не 27 април

Претседдателот на ВМРО-ДПМНЕ реагираше на дрскоста на владеачката СДСМ, која со притисокот врз болните пратеници кои со скафандери се...

More Articles Like This