ЈАКИМОВСКИ ГО ОТКРИ ИДЕНТИТЕТОТ: Напаѓачот бил советникот за град Скопје на премиерот, викан Сокол!

  • March 21, 2018
  • Коментари

Нападот врз екс-градоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски, го извршил советникот на Зоран Заев во Владата на Р.Македонија Филип Андов, викан Сокол, тврди Јакимовски

Јакимовски го потврди инцидентот, објаснувајќи дека, вчера некаде околу 11.00 часот претпладне со двајца негови пријатели тргнале во посета на на еден наш заеднички познаник кој отворил сопствена адвокатска канцеларија. Како што е редот додава Јакимовски, со шише виски во раце, одевме пеш од „Беверли Хилс“ преку „Народен фронт“ кон „Теодосиј Гологанов“ и кога пристигнале до пансионот „Ања“  тој разговарал на мобилен телефон.

„Во еден момент едно од четири-пет насобрани лица ми се обрати на мене со одредени прашања, за што застанав и коректно му ги одговорив. Потоа, другото лице кое ме запраша дали го познавам, му реков дека не го познавам. Ми рече дека го викале Сокол и во еден момент ме опцу и тргна физички да се пресметува со мене. Енергично беше спречен од моите двајца пријатели. Ние веднаш бевме спремни да им ја исполниме желбата за физичка пресметка иако беа петмина. Лицето Сокол, започна со некои селски фори да ја соблекува јакната, па го држеа две дечиња додека тој се закануваше и пцуеше. Откако видоа дека ние сме подготвени за пресметката тогаш Сокол по телефон почна да бара ‘засилување’.“ – вели Јакимовски во изјава за Инфомакс.

Тој додава дека, ем бил запрен од Сокол, а откако биле удостоени со одговор, почнале да го пцујат и сакале физички да се пресметаат со него. Кога добиле соодветен одговор, барале засилување. Малку биле пет им требало уште некој.

Во еден момент, вели Јакимовски, лицето Сокол преку телефон се обратило до некоја институција со зборовите „…овде Сокол од кабинетот на премиерот“. Нормално, вели Јакимовски, им реков дека „ми ги стресоа колениците“ со тоа што се од кабинетот на премиерот.

Инаку, ова е трет обид од 15-ти октомври наваму за напад врз Јакимовски, и тоа сите од блиски луѓе на врвот на СДСМ и Зоран Заев. Додека други премиери во светот, околу себе прибираат Нобеловци, научници и академици, нашиот прибира хулигани – вели лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, додавајќи, „очигледно се добро друштво, но со лоша проценка“.

„Јас ќе бидам против нив, не им се плашам, нема да ме замолчат и ќе си одат од власт, затоа што се неспособни и се обидуваат да владеат со сила“ – објаснува екс-градоначалникот Јакимовски за Инфомакс.

„Кога тие се однесуваат кон мене вака, секогаш спремен да им одоговрам на секој начин (вербален, физички напад) што останува за другите граѓани. Нивниот обид да внесат страв во коски го упатуваат на погрешно место. Во изминативе 30 дена физички се нападнати дури осум полицајци. Ако полицијата се чувствува загрозена, поранешни високи владини функционери, лидери на опозиција, тогаш кој е безбеден во државата?“ – прашува Јакимовски.

„Обраќањето на Сокол во името на кабинетот на премиерот, во услови кога предизвикува насилство е груба злоуптореба на институциите на државата. Во овој момент институциите на Р.Македонија се завземени од хулиганската орда на Зоран Заев, почнувајќи од МВР преку Владата, па се до, за жал судските инстанци. Затоа нема одговор за нападот врз мене на 15. октомври, затоа нема одговор за поднесената кривична пријава против Н.Н. сторител за избирачките ливчиња од Карпош најдени во Охрид и Македонски Брод. Криминална влада, владее на криминален начин“ – заклучува Јакимовски во изјава за Инфомакс.

Лицето кое го спомнува екс-градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски, викано Сокол, е всушност советникот за град Скопје на Зоран Заев во Владата на Р.Македонија. Целото име му е Филип Андов.

Претходно «
Следно »