October 20, 2021, 8:09 pm

Јакимовски до Владата: Ако можеше Макпетрол да се гласа во Собрание, зошто не можеше и набавките на вакцините?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски вечерва во Алфа телевизија со бројни критики кон работата на Владата јавно праша зошто ако можеше да влезе договорот со Макпетрол во Собранието на гласање, зошто не можеше да се гласа за набавката на вакцините.
-Еве јавно да прашам ако можеше договорот со Макпретрол да го ставите на гласање во парламентот, што мислите набавка на вакцини со кого сакате од светот да ги набавите и ако ги ставате на гласање во парламентот, има ли пратеник што тоа нема да го изгласа, зошто тоа не го ставивте во парламентот ? – праша Јакимовски.
Тој ја критикуваше Владата дека не му одговорила на рускиот амбасадор за набавка на руската вакцина, како и дека не направила измени за тие набавки да се вршат како што треба, па вели како на време Владата набави лубриканти, и како на тоа се мислеше своевремено, а не се мислеше на коронавирусот за заштита на граѓаните, како и тоа дека требало да ја антиципира набавката на вакцината.

-Знаете што вели Вучиќ уште пролетоска нашите безбедносни служби ни дадоа информации дека се спрема поголем удар од коронавирусот на есен и затоа решивме да изградиме два ковид центри со 750 легла за да бидеме спремни, а нашите безбедносни служни сшто работат? – праша Јакимовски.
Јакимовски вели дека како тоа сме членка на НАТО каде има најразвиени држави, власта не успеа да го искористи тоа во полза за справување со коронакризата, ако во државава имаше воена состојба и ако чекаме тенкови како сега вакцини ќе не испотепаа до сега ,а во војна сме со биолошки противник.

Latest News

Тасевски: Ќе ве обединиме сите за peшетки

Актерот Сашо Тасевски ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев за „обединување против злото“. Тој посочи дека нема потреба за...

More Articles Like This