Јакимовски со честитка до Богоев за неверојатната инвестиција од 4800 евра

Поврзано

Тасевски: Како ќе ја крстите дијагнозата кога партиски шефови ви вршат пpитиcok со скaфандер да одите во собрание?

Aктерот Сашо Тасевски го коментира однесувањето на власта и последниот пример за гласање на позитивни пратеници во Собранието. Според него,...

Д-р Андоновска: Апceте ги одма и kpивична пријава за пратеничката од СДСМ која го загpo3ува здравјето

Доктор Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека пратеничката која денес позитивна на коронавирус дојде во...

Пpaтeницитe пoзитивни на KOBИД19 да одат на pacпит во Oбвинитeлcтвo

Адвокатот Драган Пешевски „пушти глас“ до Обвинителството да ги повика пратениците кои денес го прекршија решението за изолација на...
- Advertisement -

Лидерот на ГРОМ и екс-градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, на социјалните мрежи му честиташе на неговиот наследник, актуелниот градоначалник, Стефан Богоев, за најголемата капитална инвестиција која Богоев успеа да ја донесе по три и пол годишно макотрпно размислување (мозгање), консултации со другарите, инкасаторите, стручните лица, владата и парламентот, премиерот и министрите. Ивестиција вредна ни повее, ни помалку, туку двеста деведесет и шест илјади денари. Не евра, туку денари.

„Сакам јавно да му ја честитам најголемата капитална инвестиција на мојот наследник Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев. По три и пол годишно макотрпно размислување (мозгање), консултации со другарите, инкасаторите, стручните лица, владата и парламентот, премиерот и министрите одлучи да направи инвестиција вредна дури двеста деведесет и шест илјади. Внимавајте добро не евра туку денари, повторувам денари! Големата инвестиција се случи денес во градинката Мајски цвет која се наоѓа во Тафталиџе 2.
Инаку, овие верувале или не 4.800 евра се потрошени за десет сончеви колектори во оваа градинка и најголемата придобивка ќе било тоа што децата ќе имале константно топла вода за миење газиња.
Морам да честитам бидејќи за оваа тешка инвестиција присутни беа Министерката за Труд Шахпаска, Пратеничката Мери, Градоначалникот Богоев и Зоран Заев, Премиерот на Република Македонија.
За да смешката биде поголема а за вас сликата појасна ми се јави една пријателка негувателка од таа градинка и ми вели: Господин Стевче, за седум-осум стакленца што ги ставиле на кровот кој се неповрзани и не функционираат донеле снајперисти на терасата кај дечјите јасли. Уште подморници им фалеа. Па им велам на колешките, дека градоначалникот Јакимовски цели школи реновираше па вакви циркузи немаше.
Во право е мојава пријателка зошто јас за една година реконструирав од корен 10 училишта ( од Јули 2011 г. до Август 2012 г.). Вредноста на овие инвестиции беше 5 милиони евра. Веројатно јас требаше да го повикам Бил Клинтон со се Бајден да дојде на отворање на училиштата. Кога Стефан Богоев би требало да го реновира училиштето кое што се наоѓа веднаш до оградата на оваа градинка Мајски цвет а тоа е ОУ Братство веројатно ќе му треба доживотен мандат.
Се прашувате зошто?
Затоа што реконструкцијата чинеше 72 милиони денари или 1,2 милиони евра“, напиша Јакимовски.

Latest News

Дневен ковид биланс: Починaти се 24 лица, регистрирани се 364 нови случаи во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови...

More Articles Like This