ЈАКОВЛЕСКИ ДО БОГОЕВСКИ: Ние не вршевме тероризам, туку Вие од УДБА

  • October 29, 2016

Поранешниот член на Движењето за ослободување и обединување на Македонија, Мане Јаковлески, кој е и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и еден од жртвите на УДБА кој бил следен и прислушуван поради неговата желба за слободна и независна Македонија со факти и документи ги демантираше тврдењата на поранешниот раководител на Службата за државна безбедност Слободан Богоевски кој пред неколку дена изјави дека никогаш не дал наредба за следење на лица кои се бореле за  македонската кауза, пишува Република.мк.

mane

Веднаш по интервјуто на Богоевски, Јаковлевски објави документ од неговото досие кое го водело УДБА каде јасно се гледа дека Богоевски дал наредба за негово прислушување. Во наредбата како причина за прислушувањето се наведува дека Јаковлевски е осомничен за тероризам.

Господине Јаковлески, Слободан Богоевски тврди дека во времето кога раководел со Службата за државна безбедност, не издавал налози за следење на лица поради македонската кауза. Односно, потпишувал само налози за лица кои во тие критични моменти биле опасни поради можност да предизвикаваат воен конфликт. Вчера пак, историчарот Никола Србов објави документ од 1991 година, кој верувам дека вие го имате од поодамна, на кој е потпишан Слободан Богоевски, а во кој се наредува ваше прислушување додека сте биле во Германија поради „тероризам“. Дали сте учествувале во организирање терористички напади и дали сте биле дел од некоја група која подготвувала војна во Македонија?

Мане ЈАКОВЛЕСКИ: Тврдам дека не само јас, ниту Драган Богдановски, ниту еден член на ДООМ-(Движење за Ослободување и Обединување на Македонија), ниту сме разговарале, ниту сме организирале некаков атентат или инцидент за кој Богоевски зборувал. Мало појаснување: во 1972 година ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). ДООМ беше активна кон Македонците кои по 60-тите години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини. Драган и другите членови и симпатизери на ДООМ  многу брзо наидоа на проблеми со тогашната УДБА. Во Минхен, од страна на УДБА, ноќта меѓу 31 јули и 1 август 1974 година на ѕверски начин беше убиен од досега неоткриени убијци организациониот секретар на Централниот Комитет на Движењето за ослободување на Македонија Благој Шамбевски. Исто така во Минхен, УДБА организира кражба на кириличните слова и беше искршена печатницата, во која се печатеше списанието „Македонска нација„. Во 1977 година Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на УДБА кај друг член на ДООМ. Драган бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци. Во Македонски Брод бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавност. На тој процес Драган беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор. Ова е доказ за се, кој вршел тероризам. Ние од организацијата или тие од службите.

Единствена „грешка“ на сите нас од организацијата (ДООМ) беше што си ја сакавме нашата Македонија и сонувавме еден ден да имаме сопствена Македонска држава, фаламу на Бога денес ја имаме.

blagoj-shambevski

blagoj-shambevski1

Знаете ли воопшто зошто сте биле мета на службите?

Мане ЈАКОВЛЕСКИ: Затоа што ние се чувствувавме Македонци, а во тоа време политиката на државниот југословенски врв, вклучувајќи го и македонскиот, сакаа да создадат југословени и југословенска нација.

Исто така меѓу нас, јавно се зборуваше и се пишуваше во „Македонска нација“ списание на (ДООМ) за злоделата кои ги има направено тогашното македонско раководство, убиствата на безброј наши истомисленици по Втората светска војна.

Исто така во „Македонска нација“ јавно се пишуваше за фалсификувањето на македонската историја. Тоа беа „најголемите гревови“ што можам да се потсетам, уште еднаш ќе потенцирам, никој и никогаш не планирал никаков атентат.

srbov-za-jakovlevski

Богоевски ве обвини вас и сите следени вмровци дека не сте биле никакви жртви на тајни служби, туку сте имале комплекс на помала вредност! Неговите зборови се следните: „Тие не се жртви на тајни служби, туку станува збор за нешто друго. Бесрамно лажат. Станува збор за личности со комплекс на мала вредност. Дека биле важни за македонската кауза… Никој од нив не бил жртва. Гледате… сите се живи и здрави. Власт се сега. “ Како ги коментирате овие навреди?

Мане ЈАКОВЛЕСКИ: Па не би рекол дека сите сме здрави и живи, еве само за потсетување: Драган Богдановски, Благоја Шамбевски не се меѓу нас живите. Зошто тогаш убивале и се мачеле да прават неколку илјади досиеја? Лесно му е на Богоевски од денешна гледна точка да коментира дека некој бил искомплексиран. Ние бевме задоени со идеологијата со аманетот на претходните генерации за сопствена држава. Зошто и тие место да прават досиеја, не ни се придружија кон идејата за македонска самостојна држава?

gojko-mane-beograd-1

Значи по негово сите што сме биле за сопствена држава сме биле со комплекси? Да беше така многу брзо ќе не „излечеа“ и денес се ќе си беше по нивно: денес ќе бевме Југославија или скратена Србославија за која они со сите сили се залагаа и фала му на Бога не им успеа да ја сочуваат нивната држава.

Вие сте еден од „обработуваните“ членови на ВМРО-ДПМНЕ , во досието „Сина птица“. Кој се друг е прислушуван и следен во рамките на ова досие?

Мане ЈАКОВЛЕСКИ: Ви ги испраќам само дел од имињата на Македонците кои што биле на листата на УДБА за следење:

  1. 1992   DBK – IV UPRAVA
    400000 EKSTREMNO DELUVANJE VO ZEMJATA
    PREGLED NA LICA OD R.MAKEDONIJA VKLUČENI VO RAZNI

PARAVOENI FORMACII (VOENI ŠTABOVI, GARDI, STRAŽI, ZAŠTITNI

KOMITETI I SL.) (EV.BR.106) OVAA LISTA IMA PRODOLŽENIE SO SLEDNATA ŠIFRA 400000  0492 214 614 01

ČUŠKOV                    KRUM               GOCE                23.06.1956
ČUŠKOV                    BORIS              KRUM            11.09.1929
ANASTASOVSKI       PETRE              MITKO           26.07.1926
ANGELOV                 DIMKO          PETRE               02.04.1951
APOSTOLOVSKI       VANČO          PAVEL           09.06.1948
BOGDANOVSKI                            DRAGAN        08.09.1929                                            CELAKOVSKI              ARSO               PETAR               10.02.1939
CRNOMAROV               RISTO              DIMITAR        09.09.1952
CRNUŠANOV                   KOSTA                                       1904
DIMOV                       TRAJKO         ILIJA               05.07.1933
DIMOV                       BORIS              METODIJA    11.03.1938
DUKOVSKI                RISTO              BORIS          22.08.1948
GALEV                       GLIGOR         DIMITAR       25.12.1939
GEORGIEV                JAKIM              STRAHIL       23.03.1927
GOCEV                       GEORGI         DIMITAR       15.12.1942
JAKOVLEVSKI         DELCE           (MANE)  MANOIL 01.02.1951
JANAKIESKI              LJUBOMIR      VANČO          15.05.1966
JOVANOV                 JOVAN              DRAGAN        02.04.1952
JOVANOVSKI              TRAJAN         BLAGOJA       07.09.1945
KALUZAROV               JORDAN        ÐORÐI           23.10.1926
KONEVSKI                VANČO          PETRE               03.04.1950
LAZAREVSKI              METODIJA     NIKOLA        16.11.1926
LEBAMOV                                           IVAN                       1932
MARKOSKI                SLAVE              LJUBEN          03.03.1955
MIHAJLOV                NIKOLA         MIHAJLO       20.10.1941
MITRESKI                    TRAJKO         STOJAN          29.12.1948
MITROV                      TODOROV     ANGELKO     20.07.1920
NAUMOV                                          STOJČE          06.06.1953
NEŠKOV                      VELKO          TRAJAN          20.02.1942
PAVLOVSKI               PAVLE              PETRE               03.03.1957
PETKOVSKI               RISTO              PANDE           11.05.1962
PETREVSKI               PAVLE              TODE                05.05.1943
RAPEV                       ILIJA              METODIJA    26.10.1956
RISTESKI                    VELE               PECO                23.08.1950
RUNTEV                    PETAR       ALEKSANDAR   18.05.1929
STOJMENOV                                  ALEKSO                   1927
STOJMENOVA              PANDE              LILJANA        02.01.1959
TODOROVSKI              KIRO               MENDE          03.10.1961
UNEV                           ÐORÐE          ANDON          21.09.192             VELEVSKI                      BORIS              PETRE               09.05.1956
VELEVSKI                BORIS              PAVLE           09.05.1956
VELJANOSKI              BORIS              NIKOLA         19.10.1954
VELOVSKI                JOVAN          NIKOLA          09.05.1951

Го познававте ли Богоевски во тоа време? За каков човек важеше?

Мане ЈАКОВЛЕВСКИ: Многу пати сум слушал за него, лично не го познавам. Со огледа на тоа дека „многу усшено откривал“ непријатели во нашите редови во време кога веќе сме самостојна држава, тоа нека му е на чест. Најлошо од негова страна е што се уште се обидува да не оцрнува и нас и нашата самостојна и суверена држава Македонија.

И оваа прилика ќе кажам, НЕМА РОДЕН МАЖ КОЈ МОЖЕ ДА ЈА УНИШТИ ВМРО-ДПМНЕ  И НАШАТА БИБЛИЈСКА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА.

Претходно «
Следно »