ЈАНИ БОЈАЏИ СО ПОРАКА ДО „КОМУЊАРИТЕ“: Народот ќе ве нaдeнe на глогов кoл, еден во гpaдите еден во газот – за никогаш да не се вратите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Режисерот Јани Бојаџи, чиј филм „Ругање со Христос“ беше цензуриран и забранет за емитување во Македонија од страна на власта на Зоран Заев, кој лично се заложи истиот да не се проектира, на својот ФБ профил им „отчита“ беседа на властодршците кои тој ги нарекува „капиталистички комуњари“

 

 

 

 Еј мизepиjo комуњарска моја!

Од 1949 година па се до ден денешен управувате во сите сфери и со сите ресурси и потенцијали на ова земја!
70, и со зборови: СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ вие сте учители, директори на училишта, наставници во средните школи, професори на универзитети, декани и ректори, вие сте шефови, управители на задруги, сопственици на фирми, менаџери, газди на банки, директори на јавни друштва и компании!

Вие сте министри, амбасадори, новинари, уметници, интелектуалци, научници и академици!

Вие го приватизиравте, приграбивте и посвоивте целиот имот на државата! Ви го дадовме молкум, надевајќи се дека ќе го управувате и за ваше и за наше добро!

Ваша е земјата,ваши се утрините, ваши се полињата, шумите, водите и езерата!

Ваши се електраните, браните, езерата, ваш е воздухот што го усмрдивте!

Ваше е сета власт на Северната Република!

Ваше е се!

И, вие сте тие кои треба на сето тоа да додадат дополнителна вредност за општеството, затоа што вие го поседувате имотот и средствата за работа, а така е тоа во демократијата и капитализмот! Ако не ми верувате мене, прашајте го Сорос, капиталистички комуњаришта мои!

Нели вие сте учените?

Нели вие сте елитата?

Нели за вас седумдест години трпиме, гладуваме, се понижуваме, пред цел свет, пред себе си и пред сопствените деца?! Оти кажавте, ќе биде поарно и за вашите и за нашите?!

Нели за вас еден век го вадиме црното од под ноктите?!
О елито моја.

О ти беден уму мој, за Ти да создадеш, за сите нас подобар и поубав свет?!

Боже мој, каква лага, и о Господе – каква вистина!

Вие самите, без присила и по своја воља докажавте дека од свој труд, и со свој ум не сте способни ниту за себе си да создадете вредност колку за три пати јадење на ден и за два пара волнени чорапи, па морате да си ги пикате децата на државна работа, за државна плата! Државата да ви ги рани децата и да им купи рало гаќи и ѕифт опинци!

Несреќо! Срамото, една невидена!

Абе, кукиумјавки едни, вие, тие – вашите деца, кои седумдесет години ни ги продавате за аристократија, елита, буржуазија, крем, тие треба да ја ранат и државата, и нас, и нашите деца?! Знаете ли?

Нели од устата одделувавме за да им дадеме стипендии за да се учат во странство за бизнисмени кои откако ќе се научат, ќе се вратат во татковината и ќе отворат бизниси и фабрики кои ќе работат за вас, новока-питалисти мои, но и фабрики во кои парче бел леб ќе јаде и нашата проста, дробна и работничка челад?! Нели?! А?!

Оти нели вие и тие – вашите деца, вие сте најдоброто од Македонија и најдобро за Македонија! Само вие и никој друг! Нема друга алетернатива?! Нели така кажавате? Или вие – или смрт!?

Како тоа сега, јас фукара, аргат, дробен работник, гастарбајтер и пролетер, треба да ги ранам вашите дерлиња и дудулиња?

Од кај излезе сега ова?!

Кај се видело крава да цица од теле, телиња едни недоцицани!?

Знаете ли како завршува тоа кога кравата цица од телето? На крајот ќе му ја исцица кpвтa на сопственото дете.

Ете, тоа сте вие, коумуњари пoвaмпиpeни – вие сте бреј вaмпиpи кои седумдесет години му ја цицаат кpвтa на сопствениот народ! Абе, цел еден век!

Ама, дур да речете “оф“ тој народ што денес го сметате за недоветен и малоумен, ќе ви го донесе и алот и крајот, кpвoпиjци мои!

Знаете ли како тој, народот, се ослободувал од вaмпиpитe што му ја цицале кpвтa? Не ве плaшaм, само ве потсеќам, чуено ми е од дедо Марко Цепенков, ви го кажувам да си го имате на ум!

Со дренов кол! Овој пат, апелирам до побратимите вaмпpиџии, за секој случај, за никогаш повеќе да не се вратите од умpeнитe, нека наострат два кола!

Еден за во градите а друг во газот!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This